Оваа ненамерна грешка ги прави вашите пролетни алергиски реакции многу полоши

Оваа ненамерна грешка ги прави вашите пролетни алергиски реакции многу полоши

Поминаа неколку денови откако дојде пролетта и покрај тоа што поголемиот дел од луѓето уживаат во топлото време и расцутената природа, оние што страдаат од алергија имаат голема мака. Ако долго време се борите со сезонските алергии, тогаш сигурни сме дека веќе сте престанале да одите на лекар, па самите си препишувате терапија бидејќи имате искуство и знаете точно што ви треба. Зошто да трошите време по болници, кога докторот секојпат ви ја препишува истата терапија?

Оваа ненамерна грешка ги прави вашите пролетни алергиски реакции многу полоши

Ако се пронајдовте во ова објаснување тогаш имаме лоши вести за вас, кои дополнително ќе ви ја влошат мрсулавата мизерија. Според неодамнешните истражувања, назалните спреови во моментот на нанесување можат инстантно да ви ги олеснат симптомите, но на долг рок предизвикуваат состојба наречена ринитис медикаментоза, односно „повторувачка конгестија“.

Што значи тоа? Спреовите за ослободување на носот прават магија така што ги намалуваат воспалените крвни зрнца во назалните патишта, дозволувајќи му на воздухот да струи. Но со премногу честа употреба, повеќе од неколку денови по ред, истите тие крвни клетки почнуваат многу да се потпираат на лекот, па се дујат повеќе од нормалната големина, бидејќи ја чекаат новата доза. Ако некогаш сте чуле за зависност од назални спреови, сега точно знаете за што станува збор!

За да ја избегнете повторувачката конгестија, најдобро е да го исфрлите назалниот спреј од употреба и да додадете други третмани за ослободување на носот, како на пример, плакнење со солена вода, антихистамини и во потешките ситуации, стероиди препишани од доктор.

Ублажете ги симптомите на пролетните алергии со вкусно овошно смуди!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар