Оваа година на модната сцена ќе преовладува жолтата боја: Еве како да ја комбинирате според вашиот тен
Жолтата боја е прекрасна, весела а и тешка за да ја комбинирате со вашата облека. Но, бидејќи е предвидено таа да биде една од боите кои ќе бидат тренд оваа година, време е да научите како да ја пронајдете вистинската нијанса за вашиот тен.
Ако вашиот тен е среден и топол
Дали вашата кожа е со златна боја или пак боја на праска? Светло жолтата боја е одлична за топлите тенови на кожата, па затоа изберете нијанса на сонце или ананас.
Темен и неутрален тен
Светло жолтата боја изгледа прекрасно на подлабоките тенови на кожата – заситените нијанси одговараат со други темни бои.
Ако имате посветол и неутрален тен
Ако имате светол тен тогаш за вас одличен избор се средно-жолтите бои, a убава маслена сенка ќе изгледа прекрасно на кожен материјал.
Ако имате среден и студен тен
Излезете храбро носејќи маслени сенки. Нема да зажалите кога облечете палто во друга боја преку вашите рамена, па ќе бидете наградувани со комплименти.
Ако имате топол тен
Бојата во нијанса на цитрон ќе ви прилега најдобро. Во постудените месеци, комбинирајте ја со сиви антилоп детали за да бидете соодветни за сезоната.
За да видите уште комбинации, преминете на наредната страница…