Оваа фризерка создава фризури инспирирани од класичната уметност
Најголемите и најдобрите уметнички дела се оние кои ве инспирираат да создадете нешто ваше. Затоа, американската фризерка Урсула Гоф од Канзас одлучила да ги рефлектира нејзините омилени дела од класичната уметност врз нејзиниот занает. Таа, на својот официјален профил на Инстаграм објавува слики од фризури кои со својата форма и боја наликуваат на познатите уметнички ремек-дела како „Врисокот“ или „Ѕвездено небо“.
Урсула започнала да се занимава со уметноста кога имала само 5 години.
„Претпочитам да ја фарбам косата на истиот начин како кога сликам на платно, користејќи ги истите техники за нанесување боја и теоријата за идентични бои“ – вели Урсула за начинот на изработка на фризурите.