Оваа есен носете само двобојна шминка!
Дали наскоро ќе го видиме крајот на новите бјути трендови за оваа година? Се чини дека не, а никако да го видиме ни крајот на бјути трендовите за оваа есен, бидејќи неодамна на модната сцена се појави таканаречената – двобојна шминка!
Овој бјути тренд е претставен на модните писти на неодамна одржаните ревии на големите модни дизајнери и брендови, а скоро започнаа да го носат сите познати убавици. Трендот се состои од комбинирање на две контрастни бои, без разлика дали станува збор за кармин или сенка за очи.
Неопходно е слоевите кармин или сенка за очи да бидат со ист интензитет, но поентата не е да се слепат, туку што повеќе да се истакнат на вашето лице. И двете варијанти се многу впечатливи и интересни, па нема да се покаете ако сте одлучите за едната или за другата.