Ова секоја жена треба да го искуси пред да стапи во сериозна врска

Ова секоја жена треба да го искуси пред да стапи во сериозна врска

Автор: Сара Турановиќ

Слободните жени секогаш имаат чувство дека сите останати се во врска, додека од друга страна пак, жените кои се во сериозна врска или брак веруваат дека целиот останат свет лудо се забавува. За во иднина, кога ќе го запознаете вистинскиот, да не би жалеле за нешто што не сте го пробале, искористете го ова време да го направите тоа. Животот е само еден, затоа вдишете длабоко и уживајте!

1-ova-sekoja-zhena-treba-da-go-iskusi-pred-da-stapi-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mk

1. Кратка авантура

Авантурата може да ја дефинираме како романтична врска со кратко време на траење. Препуштете им се на страстите без обѕир дали станува збор за кратка летна авантура, додека трае вашиот годишен одмор, или пак краткотрајна врска со личност која е одреден временски период во вашата околина.

2-ova-sekoja-zhena-treba-da-go-iskusi-pred-da-stapi-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mk

2. Одете сами на патување

Самостојното патување може да биде едно од највозбудливите искуства бидејќи ќе ве предизвика сами да се снајдете во новите услови. Кога ќе бидете во врска, најверојатно ќе сакате сите годишни одмори и патувања да ги планирате со саканата личност. Меѓутоа, додека тој дојде во вашиот живот, отпатувајте сами на места кои отсекогаш сте сакале да ги посетите.

3-ova-sekoja-zhena-treba-da-go-iskusi-pred-da-stapi-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mk

3. Забавувајте се со двајца мажи истовремено

Врската со двајца мажи истовремено ќе ја подигне вашата самодоверба многу високо. Секако, немојте да криете од нив дека постои некој друг. Ако и двајцата се согласат, супер за вас, ќе се чувствувате посебно и посакувано цело време.

4-ova-sekoja-zhena-treba-da-go-iskusi-pred-da-stapi-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mk

4. Излезете и поминете си лудо

Додека немате обврски поради кои треба да станувате рано, излегувајте секогаш кога ќе посакате. Лудо забавувајте се на журките, одете на концерти или бидете кралица на подиумот цела вечер.

5-ova-sekoja-zhena-treba-da-go-iskusi-pred-da-stapi-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mk

5. Бидете цимерки со најдобрата другарка

Пред да го запознаете мажот со кој ќе сакате да го поминете останатиот дел од животот, живејте заедно со вашата најдобра пријателка. Делењето на секојдневните ситници, заедничките активности и случувања со личноста која најдобро ве разбира може да биде одлично искуство за во иднина.

6-ova-sekoja-zhena-treba-da-go-iskusi-pred-da-stapi-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mk

6. Живејте сами

Доколку можете да си дозволите самостоен живот, зошто да не? Живеењето сами ќе ви помогне да создадете нови животни навики, да го зацврстите карактерот и да станете независни на начин на кој животот со родителите никогаш нема да ви овозможи.

7-ova-sekoja-zhena-treba-da-go-iskusi-pred-da-stapi-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар