Ова се токсичните однесувања во љубовната врска кои не смеете да ги толерирате!
Љубовта е едноставна, но односите се сложени. Така, врските со другите можат да бидат нашиот најголем извор на среќа, исполнетост и мотивација. Но, токсичните љубовни врски можат да придонесат да се чувствуваме тажни, исцрпени и фрустрирани. Тоа произлегува од фактот дека честопати прифаќаме одредени однесувања на нашиот партнер кои му штетат на нашето ментално здравје и самодоверба. Станува збор за суптилни однесувања кои ги игнорираме и одлучуваме да останеме „заробени“ во токсичната и нездрава врска. Во продолжение прочитајте кои однесувања не смеете никогаш да ги толерирате кога сте во врска со некого.
Злоупотреба
За жал, многумина одлучуваат да продолжат со врската иако се редовно малтретирани од страна на нивните партнери. Злоупотребата, без разлика дали е емоционална, вербална, физичка или сексуална, никогаш не може да биде знак на здрава врска. Емоционалните и вербалните злоупотреби можат да бидат суптилни и целосно да ја уништат вашата самодоверба. Колку повеќе ја толерирате емоционалната злоупотреба толку повеќе се намалува вашата самодоверба и станувате сè позависни од вашиот партнер.
Манипулација и контрола
Дали вашиот партнер ви кажува што да правите дури и кога не сакате да го правите тоа? Дали ги исполнувате очекувањата на партнерот без да поставувате прашања? Токсичните партнери честопати ве контролираат и манипулираат со вас така што прават да се чувствувате виновни или ве бомбардираат со љубов, оставајќи ве збунети. Тие сакаат да чувствувате, да размислувате и да го живеете животот на ист начин како и тие, а тоа може да биде штетно за вашето ментално здравје. Секако дека треба да има компромиси и жртви во љубовната врска, но тоа треба да се случи доброволно и од двете страни.
Неверство
Неверството во врската е јасен знак за непочитување на партнерот и нарушување на довербата. Ако партнерот не ве цени вас и вашата врска и ако е повеќе заинтересиран за некој друг, тогаш најдобро би било да заминете.
Лажење и нечесност
Да, сите ние одвреме-навреме лажеме, понекогаш од страв, понекогаш за да го заштитиме другиот. Но, кога вашиот партнер постојано лаже за свои лични придобивки, тогаш не мора да го толерирате тоа во име на љубовта.
Непочитување граници
Личните граници ви помагаат да останете во здрава врска. Но, кога вашиот партнер ќе ги пречекорат без ваша дозвола, тогаш односите можат за кратко време да се претворат во токсични. Личните граници се знак за она што е прифатливо за вас, а што не е. Тие му укажуваат и на вашиот партнер како сакате да бидете третирани. Сепак, доколку партнерот не ги почитува и ве тера да се промените, тогаш тоа е знак дека треба да ставите крај.
Негативност
Сите врски имаат негативен аспект, но постојаната и прекумерната негативност може да биде штетна за вашата врска. Доколку вашиот партнер има негативен поглед на животот, неговата негативност ќе се префрли и кај вас. Имајте на ум дека никогаш не смеете да ја толерирате негативноста. Затоа, охрабрете го вашиот партнер да развие позитивен начин на размислување, а доколку увидите дека тоа не е можно, заминете за навреме да го заштитите вашиот ментален мир.
Откако прочитавте за токсичните однесувања во љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 6-те фази на закрепнување од токсичната љубовна врска.
Извор: themindsjournal.com