Ова се состојките кои вашиот омилен производ за нега НЕ смее да ги содржи
Пролетните температури и ненадејните промени на времето се најпогодно време за развивање на алергии. Па затоа, доколку забележите некои промени на кожата, а не сте промениле ништо во својата нега, проверете дали некој од вашите омилени производи содржи некоја од овие состојки.
1. Парфеми
Козметичките производи кои најчесто содржат парфеми, се најголеми непријатели на чувствителната кожа. Доколку не сте сигурни кои ноти најмногу ѝ сметаат на вашата кожа, подобро избирајте производи кои воопшто не содржат парфеми.
2. Парабени
Парабените може да продрат во кожата и таму да се задржат, што може додатно да ја оштетат. Тие не се сметат нужно како лоши, но едноставно избирајте производи без парабен, баш како оние без мирис, доколку имате чувствителна кожа.
3. Токоферол
Ова е всушност витамин Е во форма на антиоксиданс. Иако ретко предизвикува алергиски реакции, на некои луѓе неговите својства исклучително им сметаат. Сепак, доколку не сте забележале дека оваа состојка ви ја иритира кожата, немојте да купувате производи кои не ја содржат.
4. Есенцијални масла
Секако, само оние кои се користат како биолошки адитиви за додавање мирис. Доколку вашата кожа дошла до допир со некое есенцијално масло, таа може различно да реагира во зависност од температурата, годишното време, светлината и други услови, но најсигурно би било да ги исфрлите во целост од својата рутинска нега, доколку забележите какви било несакани ефекти.
5. Бензил алкохол
Иако неговата употреба во козметиката е многу ретка, сепак може да се најде во составот на фарбите за коса или кремите за тело.
6. Пропилен гликол
Оваа супстанца служи за задржување на влагата на кожата и помага хранливите состојки од кремата да се впијат во неа. Меѓутоа, доколку забележите дека вашата кожа е иритирана, проверете дали вашата крема ја содржи ова состојка.