Ова се најголемите лаги за здравата исхрана

Ова се најголемите лаги за здравата исхрана

Дали забележувате дека секој ден се појавуваат нови правила за здрава исхрана? Пијте само сок! Без јаглехидрати! Глутенот убива! Со различните инструкции за исхрана лесно може да ги доведеме во прашање сопствените прехранбени навики.

Не можеме да ви кажуваме како да се храните, но можеме да ви го насочиме вниманието кон одредени верувања кои се поврзани со здравата исхрана, а кои не мора да се вистинити. Којзнае, во нив може се кријат големи лаги.

1-ova-se-najgolemite-lagi-za-zdravata-ishrana-www.kafepauza.mk_

Лага број 1: За вашето тело да се ослободи од токсини единствениот начин е – детоксикација

Факти: Иако детоксикациите на база на сокови денес се многу популарни, нема потреба да фрлате толку многу пари на нив. Самиот црн дроб врши одлична работа на детоксикација. Тајната пак на добриот дигестивен систем лежи во консумирањето поголемо количество овошје и зеленчук, внесување влакна и пиење многу вода. Комбинацијата од овие фактори поефективно ќе го ослободи вашето тело од токсините за разлика од различните пијалаци, а за таблетите да не зборуваме.

Лага број 2: Готвењето ги убива хранливите состојки

Факти: Пред да ги исфрлите тавите и тенџерињата, слушајте. Готвењето може да ја забрза апсорпцијата на некои хранливи материи, па затоа немојте да се плашите да го готвите зеленчукот. На пример, една студија на универзитетот Корнел, покажа дека готвењето на доматот го зголемува ликопенот, што е клучен за здравјето на срцето. Други видови зеленчук што „добро го поднесуваат“ готвењето се: печурки, пиперки, зелка и спанаќ. Сите тие го збогатуваат вашето тело со антиоксиданси, повеќе во зготвена состојба отколку во свежа. Тајната лежи во тоа што готвењето треба да биде сведено на минимум, а со тоа избегнувајте зеленчукот да биде готвен во голема количина масло.

Лага број 3: Купувајте производи со низок процент на масти

Факти: Верувале или не, малку масти се добри за вас. Мастите ги засилуваат мирисот и вкусот на храната, ги транспортираат витамините растворливи во масти, како на пример витаминот Д, низ крвотокот и го продолжуваат чувството на заситеност. Трикот е во внимателното бирање. Се препорачуваат „добрите масти“ кои ги има во авокадото, јаткастите плодови и маслиновото масло, но водете сметка да не претерате.

2-ova-se-najgolemite-lagi-za-zdravata-ishrana-www.kafepauza.mk_

Лага број 4: Неопходно е да ги исфрлите сите шеќери

Факти: Многу здрава храна – овошје, зеленчук, житарки и млеко – содржи одредена количина на природен шеќер. Иако некои го избегнуваат овошјето поради поголемото количество на шеќер, не плашете се – една понова студија на Универзитетот Харвард покажа дека консумирањето на органско овошје е поврзано со намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Она што треба да го избегнувате е таканаречениот „додатен шеќер“, кој се наоѓа во соковите, десертите, слатките, сирупите и засладувачите. Исто така држете се настрана од состојките кои завршуваат на „–оза“ (фруктоза, декстроза, сахароза). Препорачливо е консумацијата на додатен шеќер да се сведува на максимум 6 лажички дневно.

Лага број 5: „Палео диетата“ е најдобра од сите

Факти: Не мора со експресна брзина да се откажете од сите ваши омилени млечни производи и печива. „Палео диетата“ е можеби најбараниот поим на Интернет на полето на исхраната, но воздржувањето од консумирање на млечни производи, рафиниран шеќер, житарки и мешунки, едноставно не е за секого. Доколку не сте алергични на житарки, ќе ви недостига витаминот Б и влакната од некои интегрални житарки кои не може да се најдат во зеленчукот. Наместо потполно откажување, погрижете се вашите тестенини да се направени од интегрални житарки. Обично тоа е назначено на пакувањето. Можеби не би било лошо да намалите со консумацијата на сладолед и полномасни сирења, но потполно откажување од млекото и млечните производи воопшто не е неопходно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар