Ова се 4-те најздрави диети: Променете ги навиките во исхраната и ќе ослабете!
1. Медитеранска диета:
Појадок: Едно до две парчиња интегрален леб со урда и пиперка, а за меѓуоброк грозје.
Ручек: Супа, риба на жар, блитва прелиена со сос од маслиново масло и лук, а помеѓу ручекот и вечерата засладете се со неколку свежи смокви.
Вечера: Салата од моцарела, домат, босилек и маслиново масло и парче пченкарен леб.
2. ДАШ диета:
Појадок: Овесни снегулки без додаток на шеќер со млеко (0,5% масленост) и свежо сечкано овошје.
Ручек: Вариво од грашок, со моркови, лук и без запршка, на силно печени мисиркини гради, со минимална количина на сол. Пред ручекот изедете 5 ореви.
Вечера: Свежа кравја урда со власец, парче леб и салата од домати со минимална количина на сол.
3. Диета на клиниката Мајо:
Појадок: Мусли или чисти овесни снегулки со обезмастено млеко и банана или суво грозје.
Ручек: Сендвич од интегрално печиво, пилешко филе припремено на скара, намаз од сирење, малку зелена салата и домат. За меѓуоброк земете круша или кајсија.
Вечера: Платика печена во рерна, мешунки припремани на пареа и салата по желба.
4. ТЛЦ диета:
Појадок: Интегрален леб и овошен џем по желба, шолја обезмастено млеко, а за меѓуоброк земете јаболко.
Ручек: Сендвич од интегрално печиво со немасна шунка, сирење, свеж домат и лајт мајонез.
Вечера: Лосос припремен на скара, печен компир, варени мешунки и моркови прелиени со маслиново масло, а за вечерна ужина одберете пуканки.