Ова се 10-те најздрави производи на планетата

Ова се 10-те најздрави производи на планетата

Овие 10 производи би требало што почесто да ги јадете, бидејќи тие важат за едни од најздравите производи на планетата. Дознајте зошто се здрави и на кој начин да ги употребувате и приготвувате.

1-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

1. Лимон

Зошто е здрав: Единствено лимонот содржи повеќе од дневно препорачаната количина на витамин Ц, кој му помага на организмот во борбата против воспаленијата, ги јакне коските и одржува здраво ниво на холестерол. Цитрусните фалвоноиди во лимонот можат да го спречат развојот на клетките на ракот.

Совет: Додајте едно парче лимон во вашата шолја со зелен чај. Една студија докажала дека цитрусите во телото помагаат во апсорпцијата на антиоксидансите од зелениот чај, дури за 80%.

2-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

2. Брокула

Зошто е здрава: Една помала порција брокули содржи повеќе од потребното дневно количество на витамин К – кој е многу важен за градење и зачувување на коските. Истата количина може да го спречи развојот на малигни болести.

Совет: Загревајте ја. Доколку се одлучите да ја загреете брокулата во микробранова печка, таа во себе ќе содржи дури и до 90% витамин Ц. Доколку ја зготвите, таа задржува само 66% од спомнатиот витамин.

3-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

3. Чоколадо

Зошто е здраво: Само неколку коцки чоколадо на ден може да го намалат високиот крвен притисок. Какао правот е полн со флавоноиди и антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот.

Совет: Изберете темно чоколадо. Неколку коцки темно чоколадо содржат 53,5 милиграми флавоноиди, додека млечното содржи само 14.

4-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

4. Компир

Зошто е здрав: Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолна киселина (витамин од групата Б), кој е неопходен за раст и развој на детето. Еден сладок компир пак, е преполн со витамин А кој е заслужен за јакнење на имунитетот.

Совет: Компирот нека се олади пред да го јадете. Истражувањата покажуваат дека на овој начин можете да изгубите повеќе килограми, бидејќи оладениот компир ќе ви помогне да истрошите околу 25% повеќе масти после оброкот.

5-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

5. Лосос

Зошто е здрав: Тој е одличен извор на омега-3 масни киселини, кои се поврзани со намалување на депресијата, срцевите заболувања и карциномот.

Совет: Редовното консумирање на лосос го намалува ризикот од создавање на макуларна дегенерација на очите, која се појавува во подоцната доба од животот и може да доведе до губење на видот.

6-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

6. Ореви

Зошто се здрави: Содржат најмногу омега-3 масни киселини, кои го намалуваат холестеролот, го подобруваат расположението и се борат против развојот на малигни болести.

Совет: Изедете неколку ореви после вечерата – мелатонинот од оревите гарантира добар сон.

7-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

7. Авокадо

Зошто е здраво: Според некои студии, тоа го намалува холестеролот дури за 22%. Авокадото, исто така, содржи голема количина калиум, кој помага во намалувањето на крвниот притисок. Според американскиот Национален институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини за контролирање на крвниот притисок е консумирање на доволно калиум.

Совет: Додајте го во салатите, а тоа ќе му помогне на организмот да ги апсорбира хранливите материи од останатите производи.

8-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

8. Кромид

Зошто е здрав: Одличен е во борбата против многу болести, а наводно може да го спречи развојот на некои бактерии, како што е Ешерихија коли.

Совет: Внимавајте како го обработувате при готвењето – кромидот кој ќе се препржи го губи поголемиот дел од хранливите материи.

9-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

9. Спанаќ

Зошто е здрав: Најголемата благодат на спанаќот е количината на витамини и минерали: тој е богат извор на фолна киселина (49% од препорачаната дневна количина по оброк), витамини А, Б, Ц и Е, железо, манган и калиум.

Совет: Честата консумација на спанаќ ќе остави видливи последици на вашата коса, кожа и нокти, со оглед на тоа дека комплексот на витамините Б вложува во нивната убавина.

10-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_

10. Мешунки

Зошто се здрави: Ако јадете мешунки четири пати во неделата може да го намалите ризикот од срцеви заболувања дури до 22%, а таа иста навика го намалува и ризикот од рак на дојката.

Совет: Што е мешунката потемна, толку повеќе содржи антиоксиданси. Едно истражување покажало дека црниот грав има 40% повеќе антиоксиданси во однос на сите други видови грав.

11-ova-se-10-te-najzdravi-proizvodi-na-planetata-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар