Ова пролетно цвеќе е вистински хит и ќе го надополни вашиот дом
Цветовите што сигурно сте ги виделе во венци, свадбени букети и цветни аранжмани сега станаа исклучително популарни како посебна декорација во вазни.
View this post on Instagram
Гипсофилата е цвет што сака сончеви места и многу често се користи во пролетни аранжмани, а цвета од април до јули. Препознатлива е по малите цвеќиња кои најчесто се во бела боја, но ги има и во виолетова и розова боја.
Растението потекнува од семејството каранфилчиња, а во природата може да го најдете на суви места бидејќи не сака влажна почва. Се шири и се размножува самостојно и не е подложно на болести.
Како украсен вид, гипсофилата најчесто се одгледува како едногодишно и повеќегодишно растение. Повеќегодишните растенија можат да издржат во градината ако нема премногу влага во почвата, а пред зимата, почвата треба да се меша со песок и струготини. Се одгледува и се користи како украс во разни аранжмани за суви цвеќиња, често се користи како украс за свадби и може да се комбинира со речиси сите видови цвеќиња. Може да порасне до 90 см, а врвовите се многу разгранети за време на цветањето.
Поради тенките гранчиња и малите цветови, совршено ќе го краси секој ентериер. Оваа година стана исклучително популарна како украс, за што говорат и социјалните мрежи кои се „преплавени“ со фотографии од гипсофила.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Украсете го домот и со глоксинија – цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин.