Ова овошје го забрзува метаболизмот, но и слабеењето

Ова овошје го забрзува метаболизмот, но и слабеењето

Не се сите овошја исти. Додека некои содржат високо ниво на природен шеќер, постојат и такви кои кога се консумираат во одредена количина го поттикнуваат слабеењето.

1-ova-ovoshje-go-zabrzuva-metabolizmot-no-i-slabeenjeto-www.kafepauza.mk_

Папајата содржи ензим наречен папаин, кој го забрзува варењето и го олеснува губењето на килограмите.

Авокадото е богато со здрави масти, кои го поттикнуваат метаболизмот и производството на тестостерон. Овој хормон е заслужен за губење на килограмите како кај мажите, така и кај жените.

Кога ќе почувствувате потреба за попладневна ужина, секогаш избирајте овошје кое е богато со влакна.

Крушите и јаболката содржат високо ниво на влакна и ако изедете само една од овие вкусни овошки, тоа ќе ви помогне да го задоволите гладот.

Високото ниво на антиоксиданси во боровинките може да ви помогне да ги исчистите токсините кои ги таложат килограмите.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Бананите се полни со растворливи влакна кои создаваат чувство на ситост. Уживајте во бананите во текот на појадокот. Тие ќе ви помогнат да го намалите струкот и да го подигнете имунитетот.

Ако јадете кокос, брзо ќе станете сити и нема да чувствувате потреба за храна.

Лимонот е одличен за детоксикација на црниот дроб. Пијте чаша лимонада секое утро пред појадокот за да го регулирате нивото на масти кои влегуваат во вашиот организам.

Грејпфрутот е одличен против чувството на глад и има многу малку калории.

Доколку јадете портокали, ќе го намалите бројот на калории кои сте ги внеле во текот на денот и ќе го одржите телото хидрирано.

Праските се одлично овошје за нискокалорична диета. Тие се извор на антиоксиданси и помагаат во исфрлањето на токсините од телото.

Калинката е одлична ако сакате вашето тело потполно да го исчистите од токсините. Исто така, го намалува апетитот.

Важно е да знаете дека сувото овошје, кое се комбинира со свежото, е ефективно во согорувањето на мастите и регулирањето на холестеролот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар