Отворено писмо до сите жени што сè уште не се откажале од своите соништа

Отворено писмо до сите жени што сè уште не се откажале од своите соништа

Ве нарекувале наивни, диви и нереалистични. Направиле да се чувствувате како нешто да не е во ред со вас. Особено оние што ви се најблиски и што треба да ви бидат најголемата поддршка. Никој не го препознава вашето вистинско лице.

otvoreno-pismo-do-site-zheni-shto-se-ushte-ne-se-otkazhale-od-svoite-sonishta-www.kafepauaza.mk

Вие сте поминале низ многу огништа и исто толку пати сте се сомневале во насоката на вашиот живот. Во тие моменти сте се двоумеле и сте сакале да се скриете во некој темен агол. Некои луѓе дури и биле среќни кога сте правеле грешки. Тие ве нарекувале пријатели, но вие сте знаеле дека не се искрени. Не можете да имате пријател што не е среќен за вас.

Вие живописно се сеќавате на денот кога сте го сретнале мажот од вашите соништа. Оној што направил вашите срце и душа да запеат. Вие сте можеле да го видите и својот одраз во неговите очи. Вие бевте негова. Но, нешто се случило и вашите патишта се разделиле. Во тој момент вашето срце се искршило на милион парчиња и срчите се пробиле до најдлабоките делови на вашата душа. Сте се соочиле со внатрешните демони и сте поминале низ најтемните простори.

Но, и покрај сè, тука сте. Стоите на нозе, посилни од кога било претходно. Во најтемните моменти вие сте го нашле внатрешниот воин што ја црпи моќта од пепелот на болката. Вие сте светлински воин, и се борите против демоните со својата љубов.

Без разлика колку пати се однесувале лошо кон вас, сте биле повредени, згазени, издадени, вие секогаш се враќате посилни од кога било порано. Ова е така бидејќи знаете дека најважното нешто на светот сте самите вие. Со секоја нова победена битка вие станувате само посилни и растете повеќе одошто сте мислеле дека е можно.

Во моментите кога ќе ја ослободите женствената енергија, вашите ум и срце се изедначуваат. И вие се чувствувате помоќни од кога било порано. Вашата внатрешна сила отсекогаш била тука да ве штити дури и низ најтурбулентните патишта. Вашата душа ви шепоти дека сте ѕвезда и дека сјаете посилно од кој било друг. Тогаш, вие сте непобедливи.

Без разлика низ што сте поминале, тоа ве направило само посилни. Вие сте ги заштитиле најубавите сништа и подготвени сте да ги градите сè додека не станат реалност. Исто така и знаете дека тие постојат со причина – за вие да ги остварите!

Вие сте важни: Писмо кое секоја жена треба да го прочита!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар