Отворен е првиот салон за убавина „Hello Kitty“
Обожавателите на брендот „Hello Kitty“ ќе бидат воодушевени кога ќе дознаат дека во Дубаи е отворен првиот официјален салон за убавина на оваа светска марка. Салонот го отворил Мијуки Окамура, а тој се одликува со ентериер во персиски стил со препознатливата розова боја и логото од јапонското маче.Пријателски расположениот персонал користи само високо квалитетни органски продукти, при извршувањето на сите видови услуги. Специјално создадените продукти одговараат на сензитивната кожа, па дури и на детска. Во склоп на салонот за убавина има и кафуле, во кое посетителите можат да уживаат во разни пијалаци, кафиња и десерти.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.