Отстранете ги ефектите од прејадувањето: Овие 5 намирници ќе го исчистат организмот од мрснотии

Отстранете ги ефектите од прејадувањето: Овие 5 намирници ќе го исчистат организмот од мрснотии

Новогодишните и божиќните празници се период на прекумерно уживање во храната. Во последните денови, на масата доминираа калорична храна, голема количина месо и друга мрсна храна со која традиционално се прејадувате во овој период од годината. За да ги отстраните ефектите од прејадувањето, потребно е да го збогатите менито со намирници што успешно ќе ги неутрализираат мастите во организмот. Овие 5 намирници се идеални за борба против мрснотиите.

Отстранете ги ефектите од прејадувањето: Овие 5 намирници ќе го исчистат организмот од мрснотии

1. Цвекло

Цвеклото генерално е поврзано со лекување анемија бидејќи содржи голема количина железо, но исто така е добар сојузник во постпразничното чистење на организмот бидејќи содржи пигменти што имаат силно антиоксидантно дејство. Еден од нив е бетаинот кој го штити црниот дроб. Исто така, цвеклото го регулира и го стимулира варењето на храната. Најдобро е да се консумира свежо бидејќи антиоксидантните својства се губат при термичка обработка. Цвеклото можете да го користите како додаток за смуди или да направите сок кој со додавање на лимон станува вистинска мала чаша здравје. Исто така, можете да направите вкусна зимска салата од свежо цвекло кое во комбинација со други намирници ги отстранува несаканите мрснотии од телото.

2. Брокула

По празниците, задолжително вклучете ја брокулата во вашето мени. Овој зелен зеленчук изобилува со корисни хранливи материи со антиоксидантно дејство. Брокулата е нискокалорична храна богата со витамини Ц, А и Б6, со железо, со калциум и со магнезиум. Неодамнешните истражувања покажаа дека брокулата спречува акумулација на мрснотии во црниот дроб. За најздрава опција, изматете ја брокулата, прелијте ја со маслиново масло и додајте две лажички ситно сечкан лук. Ако сакате супи и чорби, задолжително направете една кремаста што ќе го зајакне вашиот организам.

3. Зелка

Свежата зелка е фантастична диетална намирница која содржи само 25 калории во 100 грама. Богата е со витамини Ц и Е, со бета-каротен, со магнезиум и со железо, има силно антиинфламаторно дејство, го забрзува варењето на храната и го чисти црниот дроб од токсини. Салатата од свежа зелка е неопходен дел од вашето мени и може да се консумира со многу јадења. Исто така, направете вкусна чорба од зелка која ќе ви помогне да се ослободите од мрснотиите по прејадувањето.

4. Спанаќ

И моќниот спанаќ може да ги неутрализира токсините што се насобрале во организмот. Спанаќот е еден од најдобрите антиоксиданти и е богат со растителни влакна кои го стимулираат варењето на храната и помагаат во решавањето на проблемите со запек. Спанаќот стана омилен додаток на утринското смуди кое го заменува појадокот, како и додаток на разни пијалаци кои се консумираат како ужина. Исто така, можете да направите кремаста супа од спанаќ која ги обновува резервите на железо и го чисти организмот. Меѓутоа, ако не сте љубител на спанаќ, заменете го со блитва.

5. Лук

Лукот е една од најмоќните намирници во светот со многу лековити својства и се смета за природен антибиотик заради неговата антибактериска активност. Лукот содржи околу сто активни хемиски соединенија, а меѓу нив има и неколку антиоксиданти – супстанции што го намалуваат трошењето и оптоварувањето на клетките. Редовното консумирање лук може да помогне во ублажување на многу здравствени проблеми и е многу корисен во процесот на детоксикација.

Можеби ве интересира и кои три видови зеленчук ќе ви помогнат да го намалите целулитот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар