Отстранете ги акните со пивски квасец
Пивскиот квасец првенствено се користи во производството на пиво, но наоѓа примена и како додаток во секојдневната исхрана поради големите количини на витамин Б, како и многу други минерали кои малку се внесуваат преку храната. Овие витамини и минерали меѓу другото придонесуваат за поубава кожа, па затоа пивскиот квасец може да се користи и за ослободување од акните.
Во еден експеримент на американски научници во кој учествувале 130 испитаници се покажало дека пивскиот квасец може да помогне во борбата против нив. Дури кај 80 проценти од пациентите имало значително подобрување или целосно отстранување на мозолчињата. Секако, ниту од него не може да се очекуваат чудесни резултати преку ноќ, впрочем и самиот експеримент траел пет месеци.
Пивскиот квасец кај нас може да се најде како прашок или во форма на таблети. Се препорачуваат една до две лажици растворени во вода ако се зема како прашок, или онолку таблети колку што ќе ви препорача фармацевтот во аптеката.
Исто така, од него можете да си направите и маска против акни. Додадете една шолја пивски квасец во сад со вода и мешајте додека не се соединат. Потоа нанесете ја смесата на лицето и чекајте додека целосно да се исуши. Таа ќе се стврдне на лицето, така што не е пожелно да зборувате или да се смеете додека чекате. Кога ќе се исуши, избришете го лицето со крпа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.