Отсекогаш ве гледале како чудаци? Најверојатно имате стара душа...

Отсекогаш ве гледале како чудаци? Најверојатно имате стара душа…

Луѓето со стара душа не се вклопуваат во рамките на типичните социјалните норми, па затоа и на многумина им делуваат како чудаци. Тие на некој начин лежерно се движат низ животот и воопшто не се заинтересирани за ситниците што можат да им ја црпат енергијата без посебна причина. Тие не се опседнати со материјални нешта бидејќи знаат дека сè е минливо. Луѓето со стара душа научиле важни лекции од претходните животи, но и до ден-денес се надградуваат.

Тие воопшто нема да се потрудат да мачат со ситници на коишто за неколку недели нема да се сеќаваат. Тие се водени од својата интуиција, слушајќи го своето тело и добро проценувајќи ги луѓето околу нив. Најчесто се сами, само затоа што така се полнат со позитивна енергија. Ова е и причината зошто често се чувствуваат неприфатено од семејството и пријателите – тие се едноставно различни.

Доволно е да кажат дека „претчувствуваат“ нешто и луѓето веднаш ги погледнуваат чудно. А ако им кажат на блиските дека имаат потреба да бидат сами со себе, тие веднаш помислуваат дека ги избегнуваат и дека не се грижат воопшто за нив. Но тоа не е вистина. Нив сè што им е потребно е само време да се регенерираат. Луѓето со стара душа најчесто можат да се најдат во мал круг луѓе, бидејќи толпите ги исцрпуваат. Тие попрво би молчеле отколку да зборуваат само колку да кажат нешто.

Дури и како деца, тие биле доживувани како чудни. Најверојатно биле трпеливи, сочувствителни, полни со разбирање и лесно простувале… Прашањата што излегувале од нивната уста уште во раните фази од животот ги зачудувале нивните родители и другите возрасни во близина. Старите души поседуваат сеќавања и способности кои ги имале во претходните животи, помагајќи им во овој. Затоа и понекогаш се многу успешни во нешто што никогаш дотогаш не го пробале.

Старите души, иако физички изгледаат како сосема обични луѓе, се многу драгоцени и секој кој ги има во своја близина треба да биде благодарен и да ги чува.

5 знаци дека и вашето дете има стара душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар