Отсега вашата коса ќе може да свети кога е темно!
Салонот за козметика, мода и нега на коса „Manic Panic“ произведе неколку избори на боја за коса која свети кога е темно. Серијата на оваа боја за коса, „High Voltage“, содржи повеќе нијанси кои носат интересни имиња како „Electric Banana“ (Електрична банана) или „Siren’s Song“ (Песната на сирената), кои ќе направат секогаш да бидете во центарот на вниманието!
Фирмата била основана во 1977-та година, кога сестрите Тиш и Суки го отвориле нивниот прв бутик. Оттаму, постепено се развивале за во 2015-та да ја патентираат и првата боја за коса која свети. Бојата за коса е безбедна, од природни производи и не е тестирана на животни. Или како што би рекле сестрите:
„Тестирана е на славните и познатите, а не на животните!“
Погледнете како овие девојки ги бојадисале своите коси!