Откријте колку калории на ден му се доволни на вашето тело

Откријте колку калории на ден му се доволни на вашето тело

Ако добро размислите, слабеењето не е толку тешка работа. Па, понекогаш дури ни дебелеењето. Сè што треба да направите е да внесувате помалку калории отколку што ви требаат со цел да ја намалите телесната тежина или пак, спротивното доколку сакате да ја зголемите вашата тежина. Но, колку калории на ден ви се навистина потребни?

Откријте колку калории на ден му се доволни на вашето тело

Со помош на Харис-Бенедиктовата формула можете многу лесно да го пресметате тоа…

Формула за жени

447,593 + (9,247 x телесната тежина во килограми) + (3,098 x висината во сантиметри) – (4,330 x годините)

Формула за мажи

88,362 + (13,397 x телесната тежина во килограми) + (4,799 x висината во сантиметри) – (5,677 x годините)

Откако ќе го добиете вашиот резултат, помножете го со коефициентот на активност со цел да добиете конечен број на потребните калории кои треба да ги внесувате во текот на еден ден…

  • Никаква активност: x 1,2
  • Мала активност:x 1,375
  • Умерена активност: x 1,55
  • Голема активност: x 1,725
  • Секојдневна активност: x 1,9

Верувале или не, оваа формула е откриена уште во далечната 1919 година, но и ден-денес функционира беспрекорно, секако, доколку ги внесете реалните податоци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар