Откријте кој е вашиот стил на комуницирање и подобрете го вашиот живот

Откријте кој е вашиот стил на комуницирање и подобрете го вашиот живот

Истражувањата покажале дека успешните луѓе имаат една заедничка особина – свесност за себе. Веројатно ви е познат овој поим кој значи да бидете свесни за себе, своите емоции и тоа што во моментот се случува околу вас, како и за другите. Еден од најдобрите начини да станете посвесни е да го откриете вашиот стил на комуницирање, како и неговото влијание на другите луѓе.

otkrijte-koj-e-vashiot-stil-na-komuniciranje-i-podobrerte-go-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Во продолжение се 4-те главни стилови на комуницирање. Кога ќе го откриете вашиот, но и стилот на вашиот соговорник многу полесно ќе разговарате со другите. Искористете го ова за да го подобрите вашиот живот, но и квалитетот на вашите врски.

1. Доминантен стил на комуникација

Ако спаѓате овде, вие веројатно зборувате брзо, се движите брзо и сакате веднаш да ги видите резултатите. Вие ќе направите сè што е во ваша моќ за да ја постигнете целта или да отстраните некоја пречка. Понекогаш изгледате агресивно, но тоа не ве засега многу. Сепак вие сте овде за да ги придвижите работите и да го завршите она што треба.

2. Интерактивен стил на комуникација

И овие луѓе зборуваат брзо, но нивните зборови и дела се синхронизирани. Ако спаѓате овде можеби понекогаш се чувствувате расеано кога треба да завршите некоја работа. Вие сакате да раскажувате приказни и да ги изнесувате своите ставови на забавен и продуктивен начин.

3. Стабилен стил на комуникација

Ако спаѓате во оваа група, најверојатно не сакате промени и уживате во постојаната рутина и структура. Вие сте личноста која го држи тимот заедно и ги охрабрувате луѓето да соработуваат. Иако можеби не сакате конфликти, сепак не ви е проблем да работите напорно за луѓето да ги разберат вашите чувства.

4. Внимателен стил на комуникација

Вие сакате ред, структура и прецизност и во животот и во работата. Можеби сте побавни во зборувањето, но она што ќе го кажете е вистина и секогаш прави разлика. Вие не брзате со донесување одлуки бидејќи не сакате да правите грешки. Ефективно и ефикасно ги решавате проблемите бидејќи секогаш добро размислувате за сите опции и последици. Се фокусирате на деталите бидејќи знаете дека сè останато ќе си дојде на своето место.

Кога ќе дознаете во која група спаѓате полесно ќе се справувате со многу ситуации бидејќи ќе бидете свесни за вашите силни и слаби страни. Кога ќе го знаете својот стил на комуницирање, лесно ќе го препознавате и кај другите. Ова ќе ви помогне подобро да ги разберете луѓето и полесно да ги решавате проблемите со нив.

Откријте ги триковите за подобра комуникација при запознавање нови луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар