Откријте како ќе изгледате за 15 години од сега

Откријте како ќе изгледате за 15 години од сега

И покрај тоа што повеќето жени, па и мажи, се трудат да ја задржат својата убавина што подолго, сепак сите ние длабоко во себе знаеме дека таа е минлива. Но, постојат луѓе кои со годините успеваат да изгледаат сè подобро. Откријте дали и вие сте едни од овие луѓе со помош на следниве 4 нешта…

Откријте како ќе изгледате за 15 години од сега

1. Вашите родители изгледаат добро

Ова правило важи во најголемиот број случаи. Ако вашите родители на постари години изгледаат добро, и вие ќе изгледате добро. Ова особено важи за релацијата мајка – ќерка. За добриот изглед најчесто се заслужни добрите гени, но тие сепак не се пресудни. Имајте на ум дека никој не е копија од своите родители, па понекогаш може да се случи и спротивното.

2. Или воопшто не се менувате, или многу бавно

Можеби ве нервира фактот што сите ваши пријатели изгледаат повозрасно и посериозно, додека вие се чувствувате како да сте заглавиле во некој тинејџерски изглед. Верувале или не, на долг рок, оваа карактеристика ќе ви се исплати. Вашиот младолик изглед ќе скрати многу години од вашето лице во иднина.

3. Вложување во изгледот

Ретки се оние кои без никаков труд можат да изгледаат одлично. Токму затоа запрашајте се дали доволно вложувате во вашиот изглед, особено во грижата за кожата и телото. Тоа не значи дека треба да купувате секакви производи во првата продавница на која ќе налетате или пак, да ги трошите сите пари на скапи производи. Постојат бројни евтини и делотворни третмани кои можете да ги направите сами во вашиот дом. Не се запоставувајте никогаш, ако се грижите за себе во младоста, вие ќе се грижите и во староста.

4. Вашите пријатели изгледаат добро

Можеби на прв поглед ви делува лудо дека вашиот изглед би можел да зависи од вашите пријатели, но тие се многу поврзани. Личностите кои се во близина на луѓе кои се трудат да изгледаат убаво, самите се обидуваат да го следат нивното темпо. Никој не сака да изгледа најлошо во своето друштво, се согласувате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар