Откријте ја тајната на вашата природна убавина... и прифатете ја!

Откријте ја тајната на вашата природна убавина… и прифатете ја!

Сите ние знаеме дека козметичката индустрија, исто како и модната, може да биде многу безмилосна. Конкуренцијата е на секој чекор, па производителите ја зграпчуваат секоја прилика за да го наметнат својот производ и да смислат добра приказна зад него. Приказна која би требало да ве увери дека вие не сте доволно убави, па затоа ви е потребен нивниот производ за да се разубавите. За несреќа, им успева, барем на повеќето. Денешните стандарди за убавина се главните виновници зошто многу жени без тие производи се чувствуваат несигурно и помалку привлечно.

Processed with VSCOcam with hb1 preset

Жените денес се во константна трка по совршената убавина, наместо да ја ценат онаа убавина со која се родени.

Популарноста на пластичните операции, како најекстремен пример за опседнатост со вештачка убавина, е само дел од проблемите (освен ако направите некоја поради тешки здравствени или козметички проблеми).

Пред две години се откриени фотографиите на сите финалистки во изборот за Мис Северна Кореја, каде што пластичната операција претставува услов за влез во шоу-бизнисот или пак во светот на модата. Сите 20 девојки претставени на фотографиите изгледале тотално идентично. Дали е во прашање некоја визија произлезена од страниците на Орвеловата „1984“ или станува збор за човечката опсесија за задоволување на стандардите?

А тука се и останатите козметички третмани и корекции, ставање вештачки додатоци, леќи во боја, пречесто посетување на солариум. Да не ги спомнуваме секојдневните болести кои произлегуваат од незадоволството со сопствениот изглед. Секој од нас, па макар и на некој мал начин, се обидува да се намести во тој наметнат калап и да се прилагоди на општо прифатените норми за убавина. Прашањата кои следат во врска со тоа: Зошто ние го правиме тоа? Кого сакаме да импресионираме? Дали на тој начин сме поубави?

Корените на овие прашања се наоѓаат во човечката психа, па затоа не треба да ве чуди изреката дека најважно е она однатре, бидејќи тоа првенствено влијае на она што е однадвор. Покрај тоа, тешко е да се одвоите од влијанието на околината, па затоа веруваме дека тоа во поголема мера влијае во создавањето на вашите лични ставови. Но, не заборавајте дека вашата вистинска убавина е неразделно врзана за вашата внатрешна состојба, ставот спрема животот, како и тоа дека таа не зависи од општеството и неговите „закони“.

2-otkrijte-ja-tajnata-na-vashata-prirodna-ubavina-i-pregrnete-ja-www.kafepauza.mk_

Поради истите причини луѓето сега, на почетокот на 21 век, сè повеќе започнаа да се враќаат кон природата. На хемијата не ѝ се верува толку многу како некогаш, а заштитата на животната средина и подржувањето на правата на животните стануваат постулати до кои се придржуваат многу компании. Затоа мислиме дека сега е вистинско време да размислите на кој начин ќе продолжите да се грижите за вашата убавина, а ние за крај ќе ви дадеме неколку предлози кои ќе ви помогнат во тоа…

1. Прифатете ја својата природна убавина. Дајте му шанса на вашето лице. Ослободете го од многуте слоеви шминка и понекогаш облечете нешто само поради тоа што се чувствувате удобно во тоа, а не поради тоа што мислите дека ќе им се допадне на другите.

2. Внимавајте на себе и на вашето здравје. Под ова се подразбира редовен сон, физичка активност, одржување на хигиената, редовно скратување на косата, здрава исхрана, контролирано консумирање на алкохолни пијалаци, откажување од пушењето и сето она што се вклопува во сликата за здрав живот.

3. Читајте повеќе. Не мислиме само на списанијата за здравје и убавина. Секако, стручната литература која се занимава со ова прашање е сосема дозволена ако сакате да направите промена во тој правец.

3-otkrijte-ja-tajnata-na-vashata-prirodna-ubavina-i-pregrnete-ja-www.kafepauza.mk_

4. Научете да ја користите шминката. Нема да поверувате колкав број жени не знаат како да ги користат препаратите за разубавување и се шминкаат на погрешен начин. Внимавајте на упатството, рокот на траење, да не претерате со неа. Дури не треба да се претерува и со интензивната ноќна шминка, бидејќи многу лесно може да го постигнете спротивниот ефект.

5. Искористете го потенцијалот кој го има вашата коса. Доколку ви е потребна промена, а сметате дека бојадисувањето на косата е премногу екстремно за вас, пробајте да ја промените фризурата. Дури и привремените фризури кои се поразлични од начинот на кој вообичаено ја носите косата имаат позитивно влијание на вашето расположение и ставови.

6. Избирајте производи и облека за кои нема да зажалите подоцна. Купувајте паметно и квалитетно. Обидете се да ги избегнувате компаниите чија политика ѝ штети на животната средина и користи работници кои работат за минимални плати.

7. Станете сами свој приоритет. Направете мал спектакл од оние вечери посветени на разубавување. Угодувајте си на себе одвреме-навреме. Малку хедонизам нема да наштети никому.

На крај, почитувајте ја својата околина и планетата на која живеете. Немате ниту една друга.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар