Откријте ја негативната енергија во вашиот дом со помош на една чаша вода

Откријте ја негативната енергија во вашиот дом со помош на една чаша вода

Уште од минатото луѓето користеле различни методи со чија помош откривале дали во куќата имаат негативна енергија. Денес ви прикажуваме еден едноставен начин за да ја откриете таквата енергија, да ја отстраните ако постои и да внесете хармонија во семејството.

Откријте ја негативната енергија во вашиот дом со помош на една чаша вода

Вашиот дом е место исполнето со енергија и тоа може да бидат вашите чувства, мисли и емоции што носат одреден вид енергија, но привлекуваат друг. На пример, некои членови од семејството, соседите или пријателите, може во вашиот дом да донесат негативна енергија однадвор, која подоцна влијае на вашето расположение и расположението на вашите најблиски.

Остатоците од ваквиот вид енергија може да придонесат за негативни емоции, тага, депресија, лоши мисли или голема количина стрес. Вашиот дом е како сунѓер. Сѐ што се случува се апсорбира во просторот, ѕидовите, мебелот, како и во сите предмети. Откако еднаш ќе влезе во вашата куќа, негативната енергија веднаш почнува да влијае на животите на членовите во семејството и може да направи голема штета, како на пример намалување на домашниот буџет, нарушување на односите помеѓу личностите и уништување на семејната хармонија. Како резултат на ова, ќе почувствувате вознемиреност, тешкотии и намалување на волјата за живот. Важно е да се спомене дека овие симптоми не мора да бидат видливи уште во раниот период и затоа е потребно да знаете како да го откриете присуството на негативната енергија.

Откријте ја негативната енергија во вашиот дом со помош на една чаша вода

Постапка за откривање на негативната енергија

Земете обична проѕирна стаклена чаша и во неа ставете една третина морска сол. Потоа додајте една третина вода и една третина бел оцет. Ставете ја чашата онаму каде што мислите дека негативната енергија е најсилна. Нека чашата биде скриена, така што никој нема да може да ја допира или да ја поместува. После 24 часа проверете ја чашата: Дали е онаква каква што сте ја оставиле? Ако е така, тогаш немате негативна енергија во таа соба. Обидете се повторно во друга, за да видите што ќе се случи. Ако во чашата забележите дамки и многу меурчиња, тоа е резултат на проблемите со енергијата. Во тој случај повторете го процесот со нова чаша, сѐ додека не исчезнат овие знаци на негативна енергија. Важно е оваа вода подоцна да ја фрлите во тоалетот и веднаш да ја измиете. Така, целосно ќе ја исчистите негативната енергија која се насобрала во вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. petko Reply

    Postoi istrazuvanje zad ova ili tropate onaka od rakav?

Остави коментар