Откријте ја лекувачката моќ на ориганото, кимот и ловоровиот лист

Откријте ја лекувачката моќ на ориганото, кимот и лаворовиот лист

Зачините се одличен додаток за секое јадење. Се користат со векови и ги сакаат речиси сите. Но дали знаевте дека некои од најупотребуваните зачини имаат и одлични здравствени придобивки? Ориганото, кимот и лаворовиот лист се користат многу често, но сигурно не сте знаеле дека можат значително да го подобрат вашето здравје.

Оригано

Откријте ја лекувачката моќ на ориганото, кимот и ловоровиот лист

Многу јадења не се целосни без овој древен зачин. Но ориганото може да понуди многу повеќе од добар вкус. Дали знаевте дека ориганото го забрзува вашиот метаболизам? Исто така е одлично и за имунитетот. Помага во дигестијата, дава енергија и ве штити од многу бактерии.

Можете да го употребувате во многу рецепти. Ориганото ќе го сретнете во многу светски кујни и се употребува свежо или сушено. Користете го за пржени работи, сосови, тофу и макала. Ако почувствувате дека ќе се разболите, доволно е малку масло од оригано за да ви се подобри состојбата.

Ким

Откријте ја лекувачката моќ на ориганото, кимот и ловоровиот лист

Кимот се користи низ целиот свет и се користел со векови за подобрување на вкусот, но и поради неговите здравствени придобивки. Кимот е одличен за мајките кои дојат и го намалува гадењето, ги решава проблемите со дигестијата, го намалува стресот и проблемите со несоница. Исто така го одржува здравјето на кожата и ја подобрува работата на мозокот.

Ако не го користите редовно, можно е да не ги забележите здравствените придобивки од кимот. Тој е највкусен кога е свежо сомелен. За уште подобар вкус, можете да го испечете пред да го сомелете. Ставете го семето во сува тава на силен оган. Доволно е околу една минута, односно додека семето не почне да потемнува и да испушта арома. Важно е постојано да мешате. Откако ќе го тргнете од оган, оставете го да се излади па сомелете го или додајте го во храната. Ако имате болки во стомакот, ставете малку ким во жешка вода и испијте ја. Овој едноставен тоник го поттикнува варењето поради есенцијалните масла и магнезиумот.

Лаворов лист

Откријте ја лекувачката моќ на ориганото, кимот и ловоровиот лист

Листата со здравствените придобивки на лаворовиот лист е навистина долга. Важно е да знаете дека не сите листови се исти. Барајте лаворов лист кој потекнува од регионот на Медитеранот. Овие листови го подобруваат здравјето на срцето, дигестијата, го смируваат стомакот, го намалуваат воспалението и стрес хормоните. Исто така се природна заштита од бактериски инфекции, лош холестерол, а понекогаш помагаат и во проблемите со респираторниот систем.

Обично овие листови се ставаат во супи за подобрување на вкусот. Можете да ги ставите целите листови во јадењето, или да ги ставите во вреќичка од чај за после да можете да ги отстранете.

Есенцијалното масло до лаворов лист се користи во ароматерапијата за многу нарушувања, особено со кожата и респираторниот систем. Лаворовиот лист е одличен и за вашата коса. Потопете ги листовите во вода и потоа втријте ги на вашиот скалп откако ќе ја измиете косата. На овој начин ќе ги оживете фоликулите и ќе се ослободите од првутот.

Прочитајте нешто повеќе и за овие чудотворни билки кои можете да ги консумирате секојдневно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар