Откријте го најдоброто масло за вашиот тип кожа и нејзините потреби
3. Масла за зрела кожа
За кожа со брчки, на која ѝ треба сјај и еластичност
Масло од див лен (Camelina sativa) – Одлично е за нега на изморената кожа на која ѝ е потребно обновување и нега.
Масло од јојоба – Всушност станува збор за течен восок и е одличен за хидратација на кожата, а со оглед на тоа дека наликува на природен себум, многу лесно се впива, а кожата по нанесувањето станува мека и еластична.
Арганово масло – Има одлични хидратантни својства, богато е со есенцијални масни киселини и витамин Е и штити од рак на кожата.
Масло од шипка – Богато е со масни киселини и трансретионска киселина, односно еден облик на витамин А, кој е важен за еластичноста и хидратацијата на кожата.
Масло од камелија – Богато е со антиоксиданси и одлично е за темелно отстранување на шминката. Исто така, богато е и со масни киселини, па ја смирува, омекнува и штити кожата од надворешните влијанија.
Масло од шафран – Богато е со церамиди кои го спречуваат исушувањето и дехидрирањето на кожата, но и прераното и пребрзото стареење.