Откријте го лесно: Неговата омилена поза во сексот открива што навистина чувствува и сака од вас!
Разиграниот сексуален живот вклучува и разновидност, што најмногу се однесува на промената на позите. Сепак, онаа омилената поза лесно се препознава бидејќи во неа мажот најмногу ужива и обично тоа води до самиот врв на задоволството. Откријте што покажува омилената поза за неговите емоции, но и за тоа што тој навистина сака во врска.
Мисионерска поза
Мажите кои сакаат мисионерска поза во сексот во животот строго се придржуваат до правилата, тие верни и нежни партнери кои нема да ве разочараат. Дефинитивно таквите мажи не се досадни.
Во оваа положба, целото негово внимание е насочено кон партнерката и има контакт со очите, многу прегратки и бакнежи. Ако сакате стабилност и размена на нежност, таков човек е совршен избор за вас, посочува експертот за јазик на телото, Јан Харгрејв.
Позата „лажица“ за чувствителниот тип
Позата „лажица“, или положбата во која двајцата лежите на страна, со тоа што тој е зад вас, открива маж кој постојано бара потврда за чувствата на жената. Оваа позиција овозможува посебна интимност и укажува на тоа дека вашиот маж е чувствителен тип.
„Doggy стилот“ емотивно не го разоткрива мажот
Ако вашиот маж ја обожува оваа поза, тој навистина сака да доминира, да биде „алфа-мажјак“ кој не сака премногу да се отвора емоционално. Бидејќи во оваа поза нема контакт со очите, тој всушност го сака тоа, затоа што така е посигурен.
Оваа поза не „вреска“ од емоции кои укажуваат на љубов и почит и ако тој инсистира на оваа поза, тоа може да укажува на проблеми со самодовербата.
Ако жената е горе, на мажот му е важно нејзиното задоволство
Иако на повеќето мажи оваа поза им се допаѓа најмногу, не го искажуваат тоа. Ако вашиот маж инсистира на неа, тој навистина не сака да вложува премногу напор и ви дозволува вие да ја водите „играта“.
Недостатокот на амбиција и мотивација не се однесува само на сексот, туку и на другите делови од животот бидејќи овој човек најчесто се согласува на сè. Меѓутоа, ако тој не инсистира само на оваа поза, туку таа е само една од неговите омилени, тоа е поради неговата разиграна фантазија и таквиот маж може да ѝ пружи на партнерката многу добра забава.
Полупрегратката е знак дека е среќен во врската
Позата во која жената лежи на стомакот, а мажот ја гушка за време на сексот во т.н. полупрегратка е знак дека нему му е удобно со партнерката и е задоволен од врската, објаснува експерт за комуникации д-р Одри Нелсон.
Близок контакт за мажите кои сакаат нежност
Ако мажот ве повлекува кон него за време на сексот, тој сака поголема интимност. Имено, тој ве повлекува кон најчувствителниот дел од телото – вратот, што е знак на доверба и нежност.
Овој тип маж всушност сака партнерката да одлучува за сè, објаснува експертот за невербална комуникација и автор на книгата „Љубовни сигнали“, д-р Дејвид Гивенс.
Ако се оддалечува по сексот, се плаши од обврски
Ако мажот се оддалечува од вас веднаш по сексот, тоа е знак дека не сака никакви обврски. Со овој потег тој создава безбедно растојание од вас и психолошки и емоционално, посочува д-р Гивенс.
Лажењето на колкот по сексот ги открива посесивните типови
Ако по сексот тој лежи до вас во позата „лажица“, или на вашиот колк, тогаш овој маж е целосно луд по вас, но и малку посесивен. Со оваа поза, тој всушност ве штити, што укажува на доминација.
Меѓутоа, ако тој сака да се гушка, но инсистира вие да сте зад него, оваа поза открива тип на маж што сака другите да се грижат за него, забележува Харгрејв.
Можеби сакате да прочитате и за 500-те жени кои откриваат кои секс пози најлесно ги водат до оргазам.