Откријте дали имате синдром на мрзливи црева

Откријте дали имате синдром на мрзливи црева

Дали мислите дека имате синдром на мрзлижи црева? Кога ќе ги испразниме цревата помалку од три пати неделно, се смета дека имаме синдром на мрзливи црева. Лошото варење, недостатокот на физичка активност и стресот доведуваат до овој синдром. За среќа, оваа непријатна состојба може да се надмине со воведување на одредена храна во менито. Еве неколку намирници кои можат да ги стимулираат цревата и да го забрзаат метаболизмот.

Откријте дали имате синдром на мрзливи црева

Чиа семиња

Први на списокот е чиа семињата, бидејќи се богати со омега 3 масни киселини, антиоксиданти, влакна, магнезиум, цинк, железо и калциум, па затоа се погодни за зајакнување на имунитетот и регулирање на варењето на храната.

Авокадо

Богато е со незаситени масни киселини кои го стимулираат метаболизмот. Покрај тоа, авокадото содржи бета-каротен, кој во организмот се претвора во витамин А, потребен за здрави мукозни мембрани во дигестивниот тракт.

Лимон

Лимонот содржи витамин Ц, но и пектин, кој има корисен ефект врз цревата. Најдобро би било да пиете чаша топла вода со лимон секое утро.

Кефир

Кефирот е богат со млечни киселини кои се здрави за нашата цревна флора, па ги елиминираат причините за појава на болести.

Јаболки

Покрај тоа што содржат здрави влакна, тие се полни со пектин и други ензими кои го стимулираат варењето на храната.

Овесна каша

Поради големиот состав на растворливи и нерастворливи влакна, тие се одлични за цревата.

Суво овошје

Одамна е познато дека сувото овошје има големо влијание на варењето, особено на сливите.

Прочитајте зошто треба да го започнете денот со какао?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар