Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите

Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите

Знаеме дека гелот за нокти е нешто без кое поголемиот број жени не можат да го замислат своето секојдневие. Со него сте сигурни дека вашите нокти нема да се кршат, ниту да пукаат, нема да се случуваат оние неуредни моменти или оштетувања, накратко кажано секогаш ќе имате совршен маникир. Но, не е сè така идеално!

1-kje-razmislite-dvapati-dali-povtorno-kje-stavite-gel-lak-otkako-kje-go-pochitate-ovoj-tekst-www.kafepauza.mk_

Гелот за нокти навистина делува убаво на нашите раце, ги чува ноктите, ни ги скратува маките околу лакирањето, го штеди нашето време и сето тоа е убаво, само што во овие ситуации секогаш постои некое „Но“. Она што сериозно може да ги ослаби вашите нокти и да ја оштети кожата на рацете е самиот процес на ставање на гелот, поточно – изложувањето на УВ-зраците.

За да се исуши гелот на вашите нокти, тие треба да се сушат под УВ-светло, а овој процес се повторува околу 3 до 4 пати. Токму и во тоа се крие недостатокот – вие вашите нокти и кожа ги изложувате на штетно зрачење.

Научниците дури и утврдиле дека ризикот за добивање рак на кожата се зголемува доколку често користите УВ-ламби. Затоа докторите советуваат да нанесете крем со заштитен фактор пред да ги изложите вашите нокти и раце на УВ-светлина, но тоа нема потполно да ја заштити вашата кожа.

2-kje-razmislite-dvapati-dali-povtorno-kje-stavite-gel-lak-otkako-kje-go-pochitate-ovoj-tekst-www.kafepauza.mk_

Друг недостаток на гелот за нокти е тоа што создава еден вид „зависност“ – кога еднаш ќе го ставите, најверојатно потоа нема да престанете да го правите тоа во брзо време, бидејќи по отстранувањето, вашите нокти навистина се во ужасна состојба – тенки, слаби и многу лесно пукаат.

„Не сакам гел на ноктите, бидејќи тој ги прави нежни и слаби, па тие брзо и лесно се кршат. Но, сепак, го штеди моето време, и затоа е одлично решение кога одите на одмор“, истакнува Џин Сун Кои, експерт за маникир.

Таа советува и да ги мачкате ноктите со витамин Е додека имате гел, за донекаде да ја зачувате цврстината на ноктите.

Какво е вашето искуство и дали сте љубител на овој маникир?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Alison Reply

    Postojat dva vida na gelovi: GEL i GEL LAK. Vie pishuvate za gel, koj navistina ima shtetno dejstvo vrz noktite, a gel LAK e neshto sosema drugo.
    Proverete shto pishuvate pred da objavite.
    Pozdrav.

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме на посочувањето Alison.

      За жал, многу странски извори ја пренесуваат информацијата за штетното дејство не земајќи ја разликата помеѓу овие два видови производи. И самите корисници често не знаат што ставаат на ноктите. Ова малку ни ја отежни проверката на фактите, но во секој случај, недоразбирањето е сега отстрането и информациите се соодветно коригирани.

      Поздрав и сѐ најдобро,

      Тимот на Кафе пауза

Остави коментар