Освојте го светот: 8 трикови за поголема самодоверба

Освојте го светот: 8 трикови за поголема самодоверба

Драги девојки и жени, ако досега сте немале самодоверба, низ овие 8 феноменални лекции ќе ве научиме како да бидете вие, само многу подобри. Без самодоверба нема успех ниту на едно поле и затоа обрнете внимание на советите кои следуваат.

1-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_

1. Признајте дека не знаете баш сè

Образовани сте, паметни и да, донесувате мудри одлуки. Сепак, никој не очекува од вас секогаш да знаете баш сè и во секоја прилика да бидете способни да го решите проблемот. Личностите кои имаат самодоверба не се плашат да признаат дека се луѓе од крв и месо, кои работат само онолку колку што е во нивна моќ. Кога ќе забележите дека нешто е надвор од вашите можности, кажете го тоа отворено и на тој начин повеќе ќе го покажете вашиот став, отколку да се претставувате лажно.

2-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_

2. Бидете добар пример за другите

Доколку работите на својот успех и храбро ги следите вашите соништа, резултатот нема да изостане. Со самото тоа, многумина ќе посакаат да се огледаат на вас, а фактот дека можете да посоветувате некого и да го бодрите, ви носи дополнителна самодоверба.

3-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_

3. Кажете им на родителите дека самите можете да донесувате одлуки

Родителите се вашите најдобри пријатели и личности за кои можете да гарантирате дека ви посакуваат сè најдобро. Сепак, за да стекнете поголема самодоверба, тие мора да ви допуштат самите да донесете одредени одлуки. Ако погрешите, секако тоа ќе биде за вас и со сопствените грешки најдобро ќе ги научите животните лекции. Значи, доколку имате над 20 години, без разлика дали живеете со нив или пак не, покажете им дека можете да бидете самостојни и дека можете да стоите зад вашите постапки.

4-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_

4. Славете го секој дел од себе

Едно е да бидете нарцис, а друго е да зрачите со самодоверба. Бидете свесни за вашите внатрешни квалитети, па тоа ќе се одрази и на вашата надворешност и ќе заблескате во полн сјај. Имајте на ум дека сè што не е совршено, не е така само во вашите очи и дека сè е во ставот. Да си признаете себеси и на светот дека сте всушност феноменални е сосема во ред. Баш поради тоа, споделете ја со сите вашата селфи фотографија на Инстаграм и покажете колку сте посебни и полни со самодоверба.

5-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_

5. Научете да кажете НЕ!

Не сте нечија подлога и не треба да се срамите да кажете „НЕ“. Секако, во случаите кога нешто навистина не сакате да го направите. Личностите кои имаат самодоверба знаат дека не мораат секогаш да прифаќаат сè и не се плашат дека другите ќе ги сакаат помалку баш поради тоа. Напротив, ќе ги ценат повеќе.

6-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_

6. Барајте покачување

Пред сè, бидете искрени кон себе. Ако навистина сте заслужиле, барајте ја соодветната награда. Поентата е во тоа што луѓето кои имаат самодоверба не се плашат да се борат за себе. Немојте да се плашите дека можеби не сте доволно добри. Вие сте неверојатни и ако чувствувате дека тоа не се цени доволно, немојте да седите со скрстени раце.

7-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_

7. Барајте го она што го посакувате

Во ресторанот, во врската, во пријателството – каде било, бидете доволно релаксирани и опуштени да уживате во она што ви причинува задоволство. Исто така, немојте да бидете роб на трендовите, односно, ако сите гледаат некоја популарна серија, а вие уживате во музички натпревар, само напред! Или пак, доколку не сте задоволни од услугата кај фризерот, кажете го тоа. Ако се цените себеси и своите потреби, ќе ги ценат и другите.

8-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_

8. Бидете „откачени“ кога ќе го посакате тоа

Личноста која има самодоверба ќе запее караоке пред публика, нема да ја преседи целата свадбена веселба запрашувајќи се дали да стане да игра, ќе порача песна во ресторанот и ќе шири позитивна енергија каде и да се појави. Немојте да си дозволите какви било комплекси да ве попречуваат, бидејќи не смеете да ги имате. Запејте ја омилената мелодија иако не знаете да пеете и не плашете се од туѓите реакции.

9-osvojte-go-svetot-8-trikovi-za-pogolema-samodoverba-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар