Освежувачки пролетни коктели што не ѝ штетат на вашата линија
И покрај облачното време, пред нас се сончеви и топли денови, па сега е време за вистинско освежување. Веројатно и вие едвај чекате да ги извадите лесните фустани и прекрасните сандали и да излезете некаде. Кога ќе падне ноќта, сите бараат пијалак што ќе ги освежи. Доколку немате идеја, тогаш ќе ви се допаднат овие предлози.
Кога станува збор за правењето коктели, повеќето од нас стојат од другата страна на шанкот и се обидуваат да ја пронајдат совршената комбинација на вкусови. Но веројатно овој период внимавате и на вашата линија, па сигурно не сакате да испиете повеќе калории од планираното. Поради тоа, овие пролетни ноќи освежете се со некој од следниве нискокалорични коктели.
Тропско задоволство
- 50 милилитри бел рум
- 30 милилитри кокосова вода
- 20 милилитри свежо исцеден сок од лимета
- Кисела вода
- Парче свеж лимон за декорација
Утрински сјај
- 50 милилитри сув џин
- 20 милилитри свежо исцеден сок од лимон
- 50 милилитри свеж сок од моркови
- Кисела вода
- Свеж морков и кора од лимон за декорација
Мексиканска забава
- 50 милилитри бела текила
- Свежа краставица
- 20 милилитри свежо исцеден сок од лимета
- Ѓумбир
- Свеж лист нане
- Кисела вода
- Краставица, ѓумбир и листови нане за декорација
Пробајте ги и овие коктели од 3 состојки што секој може да ги направи.