Освежувачки летен пијалак: Компот од праски!
Ако сте љубители на праски сигурни сме дека овој компот ќе ви биде новиот омилен летен пијалак. Компотот е популарен пијалак кој е во состојба да го подобри здравјето. Лесно се прави и е многу вкусен. И сè што ви е потребно се само 3 состојки што сигурно веќе ги имате во вашиот дом!
Потребни состојки:
- 1 килограм праски
- 1 килограм шеќер (за 10 тегли компот)
- Вода
Начин на подготовка:
Измијте ги убаво праските, исечете ги на парчиња и тргнете ги семките. Исечените парчиња ставете ги во тегла, додајте шеќер и сипете ја водата. Варете ги теглите во тенџере со вода едно петнаесетина минути. Оставете да се олади и послужете.
Ако сте љубители на овошните сокови, дознајте и како да направите освежителен леден кашест пијалак.