Освежувачки летен десерт: Сладок мус од јагоди
Јагодите се едни од најубавите летни овошки со кои можете да направите најразлични освежителни рецепти, посебно за жешките денови
Потребни состојки:
За жолтиот фил:
- 2 жолчки
- 3 лажички шеќер
- 50 грама бело чоколадо
- 1 ванилин шеќер
- 150 милиграми слатка павлака
- 5 грама желатин
За филот од јагоди:
- 250 грама јагоди
- 4 лажици шеќер
- 5 грама желатин
- 150 милилитри слатка павлака
За декорацијата:
- 150 грама јагоди
- 3 лажички шеќер
- 5 грама желатин
Начин на подготовка:
Жолт фил:
Во сад соединете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер и гответе на пареа со непрекинато мешање, додека сместа не се згусти. Додајте го искршеното бело чоколадо и мешајте додека не се растопи. Во изладената смеса од жолчки и чоколадо додадете шлаг од слатка павлака и полека промешајте. Желатинот прелијте го со две лажици ладна вода, помешајте и одма додајте го во филот и помешајте со голема лажица за мешање.
Фил од јагоди:
Јагодите ставете ги во блендер, соединете ги со шеќерот и кратко варете додека 1/3 од смесата не зоврие. Желатинот прелијте го со две лажици вода и помешајте додека не се подигне, па додадете го во топлата смеса со јагоди. Слатката павлака сматете ја во цврст шлаг и додадете ја во изладениот фил од јагоди. Помешајте.
Финална постапка:
Во стаклена чаша за декорација нанесете го филот од јагодите и преку него турете го жолтиот фил. Преостанатите јагоди за декорација измешајте ги и сварете ги со шеќер. Додајте го желатинот и оставете да се излади. Изладената смеса разлејте ја преку жолтиот фил и оставете да се стврдни.