Претходно
Освежувачка лимонада со лубеница
Освежување со микс од летни вкусови
Потребни состојки:
- 600 мл ладна вода
- 250 мл цеден сок од лимон
- 2 кафени лажички мед
- 0,5 кг лубеница, исчистена од семките
Начин на подготовка:
Во блендер направете пире од лубеницата. Потоа прецедете ја содржината во друг сад, а ако сакате погуст пијалак не мора да го правите тоа. Во друг сад ставете ги цедениот лимон, медот и водата и мешајте сè додека убаво не се соединат. На тоа додадете го пирето од лубеница, а потоа целата смеса ставете ја во фрижидер за добро да се излади, по што лимонадата со лубеница ќе биде спремна за сервирање.