Освежителна инспирација: Овошјето на ноктите е вистински летен тренд

Освежителна инспирација: Овошјето на ноктите е вистински летен тренд

Во летните денови бараме освежување насекаде – во омилените напивки, слатки, како и во блиските базени и плажи, на патувањата… Но, освежувањето не се наоѓа само на тие места, туку можете да го пронајдете и во најблискиот салон, каде што обично правите маникир, или можеби умеете сами, но важно е да ги испробате овие фантастични трендови кои се предвидени за вашите нокти. Овошјето освежува во текот на сите годишни времиња, но може да ви послужи и за ноктите, токму во текот на овие летни денови.

1-letna-inspiracija-ovoshjeto-na-noktite-e-vistinski-leten-trend-www.kafepauza.mk_

1. Коктелите повеќе не се прават само во чаши, туку и на ноктите, а комбинацијата од разни овошки дава совршен изглед. Секако, овде не е крајот, бидејќи секогаш можете да додадете нешто повеќе, на пример некој циркон или кристал.

2-letna-inspiracija-ovoshjeto-na-noktite-e-vistinski-leten-trend-www.kafepauza.mk_

2. Совршена комбинација на бои за овие топли денови е зелената и црвената, но во „овошни“ нијанси. Односно, спој на киви и лубеници, нешто што мора да го испробате уште сега, особено ако се подготвувате за одење на море, бидејќи ќе ви донесе уште попозитивно расположение.

3-letna-inspiracija-ovoshjeto-na-noktite-e-vistinski-leten-trend-www.kafepauza.mk_

3. Доколку не можете да се одлучите за едно овошје, секогаш можете да нацртате по едно на секој нокот. Ова идеја е одлична!

4-letna-inspiracija-ovoshjeto-na-noktite-e-vistinski-leten-trend-www.kafepauza.mk_

4. Ништо не освежува повеќе од цитрусите. Затоа додека подготвувате лимонада или цеден портокал, можете да направите и маникир на истиот начин.

5-letna-inspiracija-ovoshjeto-na-noktite-e-vistinski-leten-trend-www.kafepauza.mk_

5. Ова е еден неодолив маникир кој најверојатно секоја девојка ќе посака да го има. Спојот на овошје и пастелни бои на ноктите е фантастичен.

6-letna-inspiracija-ovoshjeto-na-noktite-e-vistinski-leten-trend-www.kafepauza.mk_

6. Францускиот маникир добива еден сосема нов, поразличен изглед кој сигурно ќе ве воодушеви.

7-letna-inspiracija-ovoshjeto-na-noktite-e-vistinski-leten-trend-www.kafepauza.mk_

7. Доколку сакате крем нијанси и доколку секогаш избирате таков маникир, бидејќи сакате сведенот и едноставност, сепак можете да го „зачините“ и да им додадете неколку детали кои нема да го нарушат она што го сакате, а сепак ќе добиете нешто поразлично.

8-letna-inspiracija-ovoshjeto-na-noktite-e-vistinski-leten-trend-www.kafepauza.mk_

Откако ќе ги украсите ноктите со вашето омилено овошје, време е да научите неколку интересни пози за фотографирање на вашиот маникир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Остави коментар