Освежителен рецепт: Здрав сладолед од јагоди

Освежителен рецепт: Здрав сладолед од јагоди

Сладоледот им е омилениот сладок грев на повеќето луѓе. Но доколу сакате да ја зачувате вашата линија, морате да го ограничите неговото консумирање. За среќа, овој рецепт ќе ви помогне да уживате во вкусот на сладоледот без грижа на совест.

Освежителен рецепт: Здрав сладолед од јагоди

Потребни состојки:
  • 300 грама јагоди
  • 200 милилитри кокосово млеко
  • Прстофат ванилин шеќер
  • 3 лажици мед
Начин на подготовка:

Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги сите состојки неколку часа во фрижидер.

Исчистете ги јагодите, пресечете ги на половина и ставете ги во блендер. Додајте ги кокосовото млеко, ванилата и медот. Добро изблендирајте додека не добиете кремаста смеса.

Смесата можете да ја ставите во посебни калапи за сладолед или во кутија. Ставете ја во замрзнувач и оставете ја додека не замрзне.

Доколку повеќе ви се допаѓа вкусот на чоколадото, пробајте го овој вкусен домашен чоколаден сладолед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар