Освежете ја вашата шминка со најатрактивните бои на есента

Освежете ја вашата шминка со најатрактивните бои на есента

Секое годишно време ни носи промени и посакувани новитети, па така и есента која е карактеристична по своите силни бои. Време е низ шминката која секојдневно ја нанесувате да покажете дека вие сте онаа девојка која секогаш е инспирирана од последните трендови. Кога е во прашање шминката, таа не трпи големи иновации. На секоја ваша комбинација ѝ прилегаат нијанси од силно црвени до интензивно кафеави бои. Но, оваа есен е вистинско време да ги замените или надополните веќе карактеристичните бои со овие четири нови, впечатливи нијанси. Дознајте на кои начини би можете да изгледате така – блескаво есенски!

1-osvezhete-ja-vashata-shminka-so-najatraktivnite-boi-na-esenta-www.kafepauza.mk_

1. Бакарно портокалова

Можеме да кажеме дека црвената и портокаловата ја заменуваат улогата на класичните, неутрални бои за оваа сезона. Тие стануваат задолжителен и неизоставен дел од секој мејкап изглед. Со своите топли тонови ќе направат да блескате. Нека боите на вашите капаци допринесат за топли и огнени погледи, а усните за врели бакнежи.

2--osvezhete-ja-vashata-shminka-so-najatraktivnite-boi-na-esenta-www.kafepauza.mk_

2. Бисерен сјај

Сите ние ги сакаме специјалните прилики за да носиме светкава шминка, а кога ги нема, бараме причини и изговори за да ја понесеме. Тогаш, сигурни сме дека ќе ви се допадне веста дека тие се апсолутен тренд во секојдневната шминка во текот на наредната сезона. За да направите вашите очи да блескаат, можете да нанесете кремаста сенка со металик сјај и да уживате во магичниот ефект.

3--osvezhete-ja-vashata-shminka-so-najatraktivnite-boi-na-esenta-www.kafepauza.mk_

3. Бордо

Бордо е типична есенска боја, која уживаме да ја носиме во текот на целата година. Особено ја сакаме на усните, бидејќи таа нијанса ги истакнува и ја исклучува можноста да бидат незабележани. Со неа можете да ги истакнете вашите омилени карактеристики, а со винско црвените усни ќе добиете класичен, гламурозен ефект. Не плашете се да бидете впечатливи, баш како и оваа боја.

4--osvezhete-ja-vashata-shminka-so-najatraktivnite-boi-na-esenta-www.kafepauza.mk_

4. Земјено кафеава

Ќе се сложите со нас дека „зачадените очи“ е шминка која е вечен тренд и која прилега на сите облици и бои на очи. Заменете ги црните тонови со силни, земјени кафеави тонови и ќе постигнете нов ефект од вашата омилена техника за шминкање. Како симбол на оваа нова шминка, нанесете и малку сјај на капаците за целокупниот изглед да постигне повисоко ниво.

5--osvezhete-ja-vashata-shminka-so-najatraktivnite-boi-na-esenta-www.kafepauza.mk_

Како што веќе кажавме, можеби е добро да ги надополните старите трендови со некоја нова вибрација, па затоа ви ги предлагаме овие стилови кои морате да ги испробате оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар