Освежете го вашиот изглед и стил

Освежете го вашиот изглед и стил

Пролетта е најдоброто годишно време за промена на вашиот изглед и стил. Тоа не значи дека од корен треба да го промените вашиот целосен изглед. Едноставно, мали промени на секого би му биле добредојдени. Постојат многу интересни мали нешта кои можат да се променат, а со нив изненадувачки, многу да се освежите. Ова се неколку ситни совети кои можат да имаат големо влијание врз вас и вашиот стил.

Освежете го вашиот изглед и стил

Направете нова фризура

Доколку подолго време се спремате да направите нешто со вашата коса, сега ви се пружа совршена прилика. Не мора да направите драстична, неочекувана промена, освен во случај ако сте спремни на таков чекор. Направете нешто едноставно, но сепак да биде впечатливо. Пробајте со промена на бојата, шатирање или пак осветлување. Исто така можете да појдете кај добар стилист и да му дадете одврзани раце, сè додека гарантира феноменален конечен резултат.

Освежете го вашиот изглед и стил

Купете едно тренди парче облека

Повеќето жени се грижат и се плашат да потрошат пари на какво било парче облека или додаток кој е премногу тренди, бидејќи не се сигурни дали доволно е вредно за цената. Ова многу често се однесува на купувањето чевли. Па затоа, овој пат охрабрете се и купете нешто необично, но сепак да не отскокнува премногу од вашиот стил.

Освежете го вашиот изглед и стил

Купете нов градник

Можеби не е дел од она видливото за сечии очи, но нов градник и тоа како може да ви го освежи изгледот. Доколку сте во можност, почестете се со малку полуксузен градник за да се чувствувате поелитно, но внимавајте тој да ви биде точен. Уште подобро би било да го искомбинирате и со гаќички во иста боја и дезен.

Освежете го вашиот изглед и стил

Не носете го она што го мразите

Дали во вашиот плакар, сè уште имате парчиња облека кои ги мразите, но едноставно не се осмелувате да ги фрлите? Уште полошо, дали понекогаш и ги носите? Оваа пролет можете да свртите нов лист и конечно да ги исфрлите сите непотребни алишта кои и онака прават само гужва во вашите преполни плакари.

Освежете го вашиот изглед и стил

Не носете ги парчињата кои не ви се точни

Скоро секоја жена има по некое парче облека кое одамна не и стои исто како порано, но сепак емоционално е приврзана кон него и повремено го облака. Понекогаш, колку и тие да одговараат на нашиот стил, мораме да се ослободиме од нив.

Освежете го вашиот изглед и стил

Почесто шетајте и купувајте

Што повеќе шетате, толку почесто и ќе наоѓате нови интересни продавници, ќе бидете во тек со новите трендови, а богами и ќе знаете кога има попусти. Постепено и без форсирање, по неколку излегувања на шопинг ќе си купите неколку нови парчиња облека, шминка и накит. На крајот, ќе се изненадите колку сте го освежиле вашиот изглед.

Освежете го вашиот изглед и стил

Пробувајте нови нешта

Без разлика дали станува збор за нов парфем, фризура, шминка или што било од таков вид, секогаш пробувајте да експериментирате. Освежувањето на изгледот никогаш нема да биде целосно доколку се плашите смело да се впуштите во светот на промените. Пробувајте и експериментирајте, но не заборавајте да бидете свои и да уживате во промените.

Освежете го вашиот изглед и стил


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. nena Reply

    zenite se stvoreni za kupuvanje i sekako da izgledaat sekogas prekrasno

Остави коментар