Осветлете ја кожата под вашите пазуви со овој едноставен трик
Никој не зборува за пазувите како за нешто убаво, и тоа е сосема нормално. Тие се замирисуваат, боцкаат и често нè засрамуваат, особено ако имаме изразито темно кожа во тој дел.
Не постои еквивалент на педикир за пазувите, па затоа ги бричиме, депилираме или едноставно одбираме да носиме тесни маички со ракави.
Бидејќи доаѓа сезона на тешки дебели џемпери, тоа е одлична прилика да им го посветите должното внимание на вашите пазуви. Сè што ви треба, на големо изненадување, е компир.
Може да ви делува чудно, но редовното нанесување рендан компир на вашите пазуви може да ви ја осветли кожата. Компирите го содржат ензимот катехол кој помага во враќање на еднаквата боја на иритираната кожа. Со други зборови, тој е одличен за вашите пазуви.
Па, појдете во кујната, земете и измијте еден компир, а потоа изрендајте мала количина, без претходно да го лупите. Застанете врз мијалникот или врз друга површина која лесно можете да ја исчистите и нанесете ја пастата од компир како маска за пазуви. Оставете да делува половина час. Ви предлагаме да си ја спремите следната епизода од вашата омилена серија и да го искористите овој период за тотална релаксација.