Оставете ги солзите да течат: Зошто е добро да се исплачете од срце?
Солзите се сосема нормални и плачењето не е знак на слабост, туку начин да се ослободите од негативните емоции и мисли. Тие не значат дека сте тажни или скршени. Размислете, на окото му е природна реакција да солзи кога, на пример, сечете кромид, бидејќи на тој начин организмот реагира на одредени хемикалии. Затоа природно е човекот да заплаче кога ќе се почувствува потиштено или тажно. Но дали плачењето е добро за вашето здравје? Науката вели дека е. Еве зошто!
1. Солзите ги чистат очите
Можеби не сте знаеле, но солзите се природен лек што ги убива бактериите во очите и тоа за само неколку минути. Затоа секогаш кога ќе се обидувате да ги запрете солзите, сетете се дека си наштетувате самите на себе и слободно исплачете се.
2. Плакнењето го подобрува видот
Дали некогаш ви се случува да почувствувате како одеднаш да го губите видот и како сѐ околу вас да е матно? Причината за тоа е што вашето око е дехидрирано, мембраната околу него се исушила, па и самиот вид се намалил. Кога плачете, солзите всушност ја осигуруваат влажноста на мембраната на окото, односно на тој начин го олеснуваат и подобруваат видот.
3. Солзите ги елиминираат токсините
Емоционалните солзи содржат хормони на стрес, кое телото го испушта за да се ослободи од вишокот токсини.
4. Плачењето нуди утеха
Интересен е фактот дека всушност самото плачење го следи зголемена активност во одреден дел од нервниот систем кој има задача да го смири телото после стресниот настан, односно да ја забави работата на срцето. Звучи неверојатно, но плачењето всушност го зголемува нивото на окситоцин, односно хормонот на среќа, кој оневозможува испуштање на хормон на стрес – кортизол. Затоа воопшто не е чудно откако добро ќе се исплачете да се почувствувате многу поопуштено и подобро.
5. Ја ублажува депресијата
Ако не заплачете, а имате потреба за тоа, не само што ќе си предизвикате стрес, туку можете и да западнете во состојба на депресија. Затоа, повремено пуштете ги солзите да потечат.
6. Со плачењето можете да го исчистите носот и да го намалите крвниот притисок
Додека плачете, самите солзи ги чистат дишните патишта, а помагаат и полесно да ја исфрлите слузта од носот. Истражувањата покажале дека солзите го намалуваат и крвниот притисок и ја смируваат работата на срцето.
Плачете со часови, но кога ќе завршите се чувствувате како навистина да сте се исчистиле. Еве зошто се чувствуваме подобро откако ќе се исплачеме.