Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи - Part 2

Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи

41. Ја почитува довербата и искреноста.

42. Ги помни интересните детали коишто сте ги споделиле со него.

43. Секогаш ве потсетува да му пишете порака, веднаш штом стигнете дома.

44. Не му пречи да се дружи со вашето семејство.

45. Не ја менува радио станицата во автомобилот кога пеете на цел глас песни коишто не му се допаѓаат.

46. Наоѓа начини да ве види, дури и ако живеете многу далеку еден од друг.

Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи

47. Ве прашува каков ви бил денот.

48. Никогаш не прави да се прашувате што тој чувствува за вас.

49. Ви кажува кога е горд на вас.

50. Најмногу му се допаѓате во природно издание, во обична бела маица и со собрана коса.

51. Знае кога треба да ви се извини и како да ви надомести кога ќе погреши.

52. Умее да ве насмее дури и преку чет-комуникација.

53. Никогаш не останувате без теми на муабет.

54. Се труди да ве турне надвор од вашата комфорна зона.

55. Ви кажува да пробате некоја нова храна, да посетите ново место, да прочитате некоја книга или да погледнете некој филм.

56. Од сите негови нови предлози, вие постојано учите нешто ново и ги проширувате вашите хоризонти.

57. Не престанува да се труди околу вас откако ќе ви го освои срцето.

58. Ви посочува да разберете зошто сите други љубовни врски пред вашата завршиле неуспешно.

59. Многу значи кога некој умее да ве допре нежно. Неговата рака на вашата нога под масата или неговата рака на вашиот грб кога стоите покрај него… Тоа прави да се чувствувате безбедно и сакано.

60. Не му пречи ако несвесно му ги земете сите ќебиња додека спиете…

61. Ниту ако заспиете на неговата страна од креветот.

61. Не се лути што вашата коса секогаш го скокотка неговото лице додека спие.

63. Мерак му е да ви подготви појадок и да ве остави подолго да поспиете.

64. Страсно се бори за неговата кариера.

65. На сите ваши предлози и идеи, со задоволство вика „да“.

66. Ви купува храна дури и ако му кажете дека во моментот не сте гладни, но знае дека ќе сакате да пробате од неговата.

67. Секогаш си стои на зборот.

68. Него не го плашат љубовните статуси, па со задоволство сака да ве нарекува негова девојка.

69. Ве има видено во вашето најлошо светло, но сè уште му се допаѓате.

70. Не се плаши прв да каже „Те сакам“.

Дознајте и зошто ако вашето момче ги прави овие 4 работи не е џентлмен, туку е манипулатор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар