Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи

Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи

Доколку сте сингл, тоа не значи дека треба да започнувате љубовна врска само колку да имате некој во вашиот живот. Бидете среќни што сте сингл и оставете си простор да се појави вистинскиот маж за вас. Вистински е оној којшто ќе ве мотивира да бидете најдобрата верзија од себеси и кој ќе сака да испробува нови нешта со вас. Потребен ви е маж, кој ќе сака да ве држи за рака додека чекорите заедно, но ќе сака и да ви ги покаже сите негови омилени места и искуства. Доколку момчето на коешто му имате „фрлено око“ ги исполнува поголемиот дел од овие 70 работи, дефинитивно не треба да го испуштате од раце.

Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи

1. Ве поканува на вистински состанок и се појавува на време.

2. Ви ја придржува вратата кога влегувате или излегувате од просторија или автомобил.

3. Го поттргнува столот за да можете убаво да седнете.

4. Ви помага да го соблечете или облечете палтото.

5. Потстанува кога станувате од масата во ресторанот за да појдете до тоалет.

6. Ви дозволува први да нарачате во ресторан.

7. Инсистира да ја плати сметката, дури и ако сакате сами да си платите.

8. Истапува понапред кога преминувате улица, со цел да ве заштити од возилата во движење.

9. Со себе секогаш носи марамче, да не ви затреба.

10. Ве испраќа до влезната врата од вашиот дом.

11. Сака да се запознае со вашиот татко.

12. Ве запознава со неговото семејство.

13. Секогаш ви се заблагодарува за убаво поминатиот состанок.

14. Ве превезува со автомобил на разни места.

15. Ве запознава со неговите пријатели.

16. Брзо ви одговара на вашите текстуални пораки.

17. Ве поддржува во сè што правите.

18. Не ве принудува да имате секс веднаш по запознавањето.

19. Се грижи за вас кога ќе испиете малку повеќе чаши алкохол.

20. Ве прашува како сте и чека да му одговорите.

21. Зборува самоуверено за вашата иднина.

22. Плаќа за вашето такси кога си заминувате сами накај дома.

23. Ве бакнува во чело за да ви покаже почит.

24. Заинтересиран е да научи кои работи ви се допаѓаат во кревет.

25. Учи како да ви ги „чита“ мислите и знае кога нешто не е во ред.

26. Се обидува да ја задржи страста во врската и постојано да ви создава „пеперутки“ во стомакот.

Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи

27. Ви подава рака кога пешачите заедно.

28. Не се срами да ве бакне во јавност, за сите да видат дека сте заедно.

29. Ве тера да станете подобри во сите аспекти од животот, без да се обидува да смени премногу нешта кај вас.

30. Ве потсетува кои се вашите најважни животни цели кога вие ќе подзаборавите на нив.

31. Му се восхитува на животот којшто го имате надвор од вашата врска.

32. Не е љубоморен.

33. Ве учи на разни работи, без да ве омаловажува.

34. Ве засмева додека не пуштите солзи.

35. Сака со вас да прави длабоки, емоционални разговори.

36. Работи на решавањето на вашите недоразбирања и не си заминува кога ќе се скарате.

37. Ја почитува вашата приватност.

38. Присутен е кога ви е потребен.

39. Не ги откажува вашите планови често, но кога мора да ги откаже ви надокнадува за тоа.

40. Ви ги покажува неговите омилени места.

Прочитајте ги останатите карактеристики на џентлемените, на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар