Основни разлики помеѓу заљубеноста и вистинската љубов
Основната разлика помеѓу овие два поими може многу лесно да се опише преку пример со сладолед и грозје. Сладоледот многу брзо нè привлекува и занесува со својот вкус, додека грозјето на почетокот е малку кисело, но потоа остава сладок вкус. Сладоледот е нездрав, додека грозјето е исклучително здраво. Иако и во двете состојби станува збор за чувства кон друга личност, тие се сосема различни. Заљубеноста е моментална, а љубовта вечна.
Страст и приврзаност
Страста е основата на заљубеноста. Две личности се привлекуваат себеси без интензивни чувства. Во прашање е само сексуална или физичка привлечност спрема другиот која трае сè до почетокот на врската, а потоа пополека исчезнува. Приврзаноста е основната работа врз која се базира љубовта. Со текот на времето таа станува посилна и поинтензивна.
Површност и зрелост
Без сомневање заљубеноста е површна, бидејќи се базира на момент – моментална поврзаност и задоволство. Од друга страна, љубовта е зрело чувство. Јасно сфаќате што е добро, а што лошо и тоа ве усреќува.
Опсесија и посветеност
Опсесија е вистинскиот збор кој ја опишува заљубеноста. Тоа е само симпатија или физичка привлечност кон друга личност. Доколку не се оствари, настапува љубомората. Љубовта е потполно спротивно чувство. Кога станува збор за вистинска љубов, луѓето се трпеливи и спремни за прифаќање на предизвици. Тогаш секој се обидува да ги реши евентуалните проблеми, а не да крене раце. Кај вистинската љубов, секогаш постои чувство на припадност и преданост, што не може да се очекува кога сте само заљубени.
Сигурност и несигурност
Во љубовта постои голема сигурност. Тоа е така, бидејќи што и да се случи, човекот што ве сака нема да ве остави. Доколку сте само заљубени, секогаш постои несигурноста дека партнерот може да ве остави или изневери.
Прекрасно и застрашувачко
Љубовта, без сомнение е прекрасно и здраво чувство. Убавината на љубовта произлегува од фактот дека партнерите си ги прифаќаат своите мани и не им пречат. Навистина е прекрасно да прифатите некого таков каков што е. Од друга страна, заљубеноста е застрашувачка бидејќи не постои задолжителност и секогаш сте загрижени за искреноста на партнерот. Заљубеноста е вообичаено чувство на младите, а како што поминуваат годините сфаќате дека постојат големи разлики помеѓу моменталните чувства и вистинската љубов.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.