Основни правила за љубовните врски
Сите ние, повеќе или помалку имаме потреба од интимност и љубов. Сакаме во нашиот живот да имаме една посебна личност покрај која ќе бидеме онакви какви што сме, без маски, целосно искрени и отворени. Личност на која ќе можеме да се потпреме во секое време. Но, и покрај тоа што секоја љубовна врска е уникатна бидејќи сите ние имаме различни желби и потреби, сепак постојат некои правила кои се универзални и важат подеднакво за сите – без исклучоци.
Погледнете ја нареднава кратка листа на најосновните „правила“ на љубовните врски и размислете дали сте на вистинско место во вистинско време или пак можеби треба конечно да смените нешто што веќе не функционира како што би требало:
- Љубовта трае сè додека љубовната врска е на прво место.
- Можеби ќе ви биде тешко на почетокот, но со тек на време ќе го почувствувате позитивното од „збогум“.
- Ако ѝ се допаѓате на некоја личност, тогаш ништо не може да ја сопре да биде со вас. Но, ако тој/таа не е заинтересиран/а за вас, тогаш никој и ништо не може да ги натера да останат покрај вас.
- Малите нешта се оние кои навистина вредат.
- Ако веќе сте оставиле некого, не бидете себични и пуштете го целосно.
- Врската тоне кога има премногу „патници“ вмешани во неа.
- Никогаш не дозволувајте да ве бакне измамник, ниту пак да ве измами бакнеж.
- Никогаш не игнорирајте ги вашите пријатели само затоа што моментално сте во врска.
- Не задоволувајте се со ништо помалку од тоа што го заслужувате.
- Извинувањето не значи дека признавате дека не сте во право, туку дека ја цените врската повеќе од вашето его.
- Некој кој вреди да се има, вреди и да се чека.
- Не оставајте ја вашата доверба кај некој кој ќе ја изгуби.
- Чувајте го вашето срце за личноста која постојано ќе ве остава без зборови.
- Некои врски завршуваат само поради тоа што откако ќе започнат, се губат оние работи кои постоеле додека траело освојувањето.
- Никогаш не дозволувајте некој да ви биде „резервен план“ или втор избор.
- Не грижете се за познавањето на многу луѓе, погрижете се вие да бидете вредни за познавање.
- Не правете некој да „падне“ на вас, ако не планирате потоа да го „фатите.“
- Прво сакајте се себеси, а потоа другите.
- Кога конечно ќе имате нешто добро покрај вас, уживајте во него. Не барајте нешто друго кое би можело да биде „подобро“.
- Вторите шанси се многу ретки, затоа мудро искористете ја првата шанса.
- Не изневерувајте, ако не сте среќни – едноставно одете си.
- Бидете со некој кој ве сака какви што сте, а не какви што тие сакаат да бидете.
- Личностите со добри намери само ветуваат, но оние со добар карактер го остваруваат ветеното.
- Не трошите го своето време барајќи некој со кој би можеле да спиете, барајте некој покрај кој би можеле да се разбудите.
- Не „паѓајте“ на зборови, „паѓајте“ на дела.
- Врските бараат подеднаков труд од двете страни.
- Понекогаш е подобро да си одите отколку постојано да бидете единствените кои сакаат да ги поправат работите.