Основни особини на лидерите
Автор: Сара Турановиќ
Лидерството е способност за преземање голема одговорност. Лидери се луѓето кои се спремни за акција, фокусирани на крајната цел и кои ефикасно ги насочуваат другите да извршат одредена работа. Сакате ли да дознаете кои особини ги поседуваат луѓето кои се лидери? Ви ги издвојуваме 10-те нивни основни особини.
Главните и основни особини на иницијативата и лидерството
Иницијатива е кога нешто работите пред да ви се каже тоа да го направите. Се состои во изборот на крајна цел и смислување план за нејзина реализација. Иницијативата е подлога и основа за успех. Погледнете кои се основните особини и проверете дали ги имате барем во мала мера. Она што вам ви недостига, доградете го и станете врвен лидер.
1. Мора да знаете која е вашата цел.
2. Составете практичен план за остварување на целта, со совети од вашиот тим.
3. Опкружете се со луѓе кои имаат знаење и искуство потребно за да ја остварите вашата цел.
4. Имајте доволно верба во себе и во своите планови и гледајте ја целта иако сè уште не сте започнале.
5. Не обесхрабрувајте се без разлика на пречките. Ако вашиот првичен план пропадне, заменете го со нов.
6. Не губете време на погодување, земајте ги фактите како основа за сите планови.
7. Не дозволувајте некој друг да ве премисли за вашите цели и планови.
8. Не ограничувајте го бројот на часови за работа. Лидерот мора да се посвети на својата задача онолку време колку што е потребно за успех.
9. Сконцентрирајте се на една работа во моментот бидејќи нема да можете да ја распоредите целата енергија на повеќе работи истовремено.
10. Префрлете ја грижата на потчинетите кога можете, но имајте систем со кој ќе проверувате дали тие успешно ја завршуваат дадената работа. Сметајте дека вие сте одговорни за спроведувањето на своите планови и имајте на ум дека неуспехот на вашите потчинети е исто и ваш неуспех.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.