Ослободете се влакненцата на лицето: Супер рецепт од жените на Блискиот исток!

Ослободете се од влакненцата на лицето: Супер рецепт од жените на Блискиот исток!

На голем дел од жените им сметаат влакненцата на лицето кои растат баш таму каде што најмалку треба. За многумина тоа се влакната на носот или на брадата, а за некои дури и зад ушите или по линијата на вилицата. Притоа ги користат сите можни техники – избелување (кога место црни мустаќи имате бели), депилација со ладен или топол восок во салон или дома, отстранување со пинцета или депилациски апарат, крема за депилирање или електролиза и ласерско отстранување.

0-oslobodete-se-od-vlaknencata-na-liceto-super-recept-od-zhenite-na-bliskiot-istok-kafepauza.mk

Како и да е, дали исти, подебели или потенки, влакненцата секогаш повторно се појавуваат. Освен ако не се обидете со ласерско отстранување или со некој ваков домашен рецепт, на ваквата мака ѝ нема крај. Бидејќи претпоставуваме дека не ви се фрлаат стотици денари на ласерско отстранување, еве еден домашен рецепт кој ќе го реши ваквиот напорен проблем.

Потребни состојки:
  • 2 лажици брашно од леблебии
  • 1 лажица куркума
  • млеко или јогурт (по потреба)

Куркумата може да се најде во секој подобро снабден маркет, а брашното од леблебии можете да го сомелете сами во мелница за кафе или уште подобро, да го купите во маркет за здрава храна.

Начин на подготовка:

Измешајте ги куркумата и брашното од леблебии во сад и целата смеса полијте ја со млеко или јогурт за да добиете густа паста. Нанесете ја смесата на посакуваната зона во насока на растот на влакненцата и оставете ја околу 20 минути т.е. додека не се исуши. Потоа истријте ја кожата со чиста памучна ткаенина или фротир потопен во млака вода и измијте го лицето.

Предупредување:

Жолтата боја на куркумата ќе му даде убав тон на лицето, но по третманот важно е добро да го измиете лицето. Третираната зона ќе биде малку црвена, но тоа брзо ќе спласне поради за антивоспалителните својства кои ги има куркумата. За максимално да исчезнат влакненцата, можеби ќе биде потребно 3-4 пати неделно да го повторувате овој третман во текот на еден месец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар