Ослободете се од осаменоста во 4 едноставни чекори

Ослободете се од осаменоста во 4 едноставни чекори

Сигурно сакате да ја отстраните осаменоста од вашиот живот. Сакате да имате пријатели за прошетка. Сакате да бидете поканети на забавите. Но од каде да започнете? Социјалната динамика е комплексна и е речиси невозможно да научите сè за неа.

Ослободете се од осаменоста во 4 едноставни чекори

Секогаш можете да се подобрите, но дали работите на вистинските делови? Ако сакате да пронајдете нови пријатели, овие 4 едноставни чекори ќе ви помогнат во тоа.

1. Среќавајте луѓе на вистинските места

Каде ги запознавате луѓето е многу поважно од тоа како ги запознавате. Која е поентата да знаете да создавате нови пријателства ако никогаш не среќавате луѓе со кои би сакале да се дружите? За да ги откриете вистинските места, потребно е да сфатите што ви е навистина важно. Што уживате да правите? Што сакате да научите? Што сакате да постигнете? Кога ќе имате одговор на овие прашања, ќе сакате да најдете група луѓе што ќе ви помогнат да ги направите овие нешта. Кога ќе ги среќавате луѓето на вистинските места, тие ќе бидат многу позаинтересирани за вас.

2. Среќавајте ги луѓето на вистинскиот начин

Дали некогаш сте се запознале со некого, и после некое време сè уште сте го гледале како странец? Постои едноставен начин да го избегнете ова – запомнете го и користете го неговото име. На овој начин ќе го направите разговорот личен. Но најпрво потребно е да започнете разговор и да имате причина да го побарате името.

  • Кажете нешто релевантно на ситуацијата.
  • Дајте причина да се претставите.
  • Побарајте го името на соговорникот.

3. Брзо направете конекција

Веројатно ви се има случено да запознаете некого, да поразговарате, и толку. Не се развило никакво пријателство, без разлика што ви се допаднала личноста. За среќа има решение и за тоа. Сè што е потребно е да најдете теми за кои сакате да разговарате.

  • Бидете љубопитни. Поставувајте прашања и бидете заинтересирани.
  • Поврзете се со она што го кажува соговорникот. Ако спомне нешто за коешто можете да разговарате, споделете приказна, факт, мислење или чувства за тоа. Започнете нова тема и одржувајте го разговорот.
  • Направете ја ситуацијата забавна и за двајцата. Шегувајте се и ширете позитивна енергија.

4. Побарајте го бројот на соговорникот и дружете се

Веќе почнавте да градите врска, но има уште работа. Потребно е да имате контакт со личноста, во спротивно сè е залудно. Дајте му причина да ви го даде телефонскиот број. Предложете некоја интересна активност. Ако соговорникот се согласи, побарајте му го и бројот. Кога ќе имате прилика да се дружите, побарајте го. Ако се согласи, веќе имате нов пријател.

Погледнете ги и советите што ќе ви помогнат да ги привлечете вистинските пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар