Ослободете се од лузните, стриите и флеките со овој домашен гел од три состојки

Ослободете се од лузните, стриите и флеките со овој домашен гел од 3 состојки

Сигурно веќе знаете за сите придобивки од алое верата и кокосовото масло што честопати се користат во лосионите за тело и други производи. Па, кога ќе ги комбинирате нив ќе добиете моќна мешавина што ќе ги реши сите ваши проблеми со кожата.

Ослободете се од лузните, стриите и флеките со овој домашен гел од три состојки

Алое верата е одлична за третирање изгореници, смирување на иритираната кожа и алергија, отстранување лузни, флеки, акни и белези, а исто така е корисна и за подмладување на кожата. Од друга страна пак, кокосовото масло се користи како природна крема за хидратација и лосион за секој тип кожа, делува против габични инфекции и бактерии и на кожата ѝ дава здрав изглед.

За подготовка на овој гел е потребно:
  • 30 грама чист алое вера гел
  • 120 милилитри органско кокосово масло
  • Есенцијално масло за додавање мирис (по ваш избор)

Добро промешајте ги овие состојки додека не добиете цврста крема во светла боја. Ставете ги во стаклен сад и чувајте ги на собна температура.

Начин на користење:

Нанесете го гелот на чиста кожа, најдобро е веднаш по туширањето, кога кожата е влажна и порите се отворени.

Пробајте и за кратко време ќе имате видливи резултати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар