Ослободете се од болката во вратот за само 60 секунди
Доколку ве боли вратот, најубаво би било да си закажете масажа, но доколку немате време или пари за ваков луксуз, ви нудиме еден брз начин за ефикасно решавање на овој проблем, кој го препорачува физиотерапевтката Алин Какук од клиниката Мајо.
Прв чекор:
Лоцирајте ја болната точка. Ако е на десната страна на вашиот врат или на горниот дел од грбот, ставете ја десната рака врз неа, а ако е на левата, користете ја левата рака.
Втор чекор:
Притиснете го болното место со прстите, со цврст притисок. Но, внимавајте да не претерате, бидејќи не треба да ја преминете границата до која можете да толерирате, а не треба ниту да чувствувате остра болка. Ако не можете да ја дофатите точката, земете тениско топче или некој сличен предмет кој може да ви помогне во компресијата. Во овој случај потпрете се со предметот на ѕид за да создадете притисок.
Трет чекор:
Благо свртете ја главата на другата страна, спротивно од местото каде чувствувате грч, и потоа дијагонално спуштете ја, како да се обидувате со брадата да ја дофатите мишката. Активирањето на згрчениот мускул во комбинација со притисокот, ќе ви помогне да го опуштите и да се ослободите од болката.
Четврт чекор:
Повторувајте ја постапката 20 пати, а потоа еднаш убаво и долго истегнете се како кога станувате од спиење. Во текот на денот, повторете ја вежбата уште неколку пати за да ви останат мускулите опуштени.