Осаменост и пандемија: Како домашните миленици ни ја пружаат социјалната интеракција која ни недостига?
Домашните миленици можат да бидат одговор на недостатокот на допир, вели др. Жанет Јанг, професорка по здравствени науки на Универзитетот во Јужна Австралија. Ковид – 19 покажува колку на луѓето им е потребен допир за да останат ментално стабилни. Наоѓање начин како да се задоволи потребата за допир и да не им се скрати допирање на луѓето е една од основните лекции од 2020 година, кажала Јанг.
Таа водела тим на истражувачи кои испитувале предности на поседување домашни миленици за време на пандемијата. Од 32 учесници, повеќе од 90 проценти од нив, кажале дека допирање и гушкањето на домашни миленици им пружа удобност, опуштеност и задоволство.
Од друга страна, многу луѓе приметиле способност на домашните миленици, да знаат кога тие не се чувствуваат добро, поради што им приоѓаат и им пружаат поддршка. Блиските и грижливи односи со животните, можат делумно да ја пополнат празнината, која денеска многу луѓе ја чувствуваат. Со допирање, на домашните миленици им пружате масажа, која со себе носи многу благодети.
Истражувања покажале дека личност која масира, добива исто толку колку и тој што ја добива масажата, во смисла на ослободување од стрес. Исто е и со домашните миленици. Иронијата е во тоа што сме во сред вирусна пандемија, па една од работите која може да го намали ризикот од зараза со вирусот е стимулирање на рецепторите за притисок. Додека луѓето ги почитуваат мерките за физичка дистанца, оваа стимулација може да се добие од домашните миленици, објаснила Тифани Филд, директорка на Институт за истражување на допири на Медицинскиот факултет во Мајами. Филд додала дека веќе постои документирана литература, која покажува дека луѓето со домашни миленици имаат подобра имунолошка функција и живеат подолго. Таа вели дека луѓето не треба да ги запоставуваат домашните миленици од кои имаат многу големи придобивки, како и тоа што врските со домашните миленици се посебно посакувани во болниците и установите за нега на луѓе во изолација.
Прочитајте како да се грижите за домашните миленици за време на пандемија?