Организирајте го вашиот дом, а со тоа и вашиот живот

Организирајте го вашиот дом, а со тоа и вашиот живот

Луѓето често знаат да кажат дека нашиот дом најдобро ја отсликува нашата емотивна и психичка состојба, а тоа се гледа според тоа дали имаме или пак не креативен хаос во него, дали сè ни е убаво средено или пак расфрлано. Доколку кај себе забележувате неорганизираност, слободно послушајте ги овие мали совети за поорганизиран дом, а со тоа и подобар живот.

1-organizirajte-go-vashiot-dom-a-so-toa-i-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Исфрлете ги сите непотребни работи. Новиот, празен простор исполнете го со работи кои навистина ви требаат.

2. Направете листа со цели. На овој начин ќе се чувствувате поорганизирано, а исто така ќе можете секојдневно да ја дополнувате и надградувате својата листа.

3. Организирајте го вашиот плакар. На овој начин нема потреба да претурате по вашата облека додека наутро се спремате за на работа.

2-organizirajte-go-vashiot-dom-a-so-toa-i-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

4. Направете листа на обврски за секој ден. Таа е многу потребна, бидејќи на тој начин ќе можете да го организирате вашето време, а нема ниту да заборавaте да завршите нешто.

5. Направете свој календар. Во него запишувајте ги најважните настани. На овој начин ќе бидете поорганизирани.

6. Направете додаток за вашата работна маса. Во него може да ги сместите сите хартии кои ви заземаат простор, а ви се неопходни во работата.

3-organizirajte-go-vashiot-dom-a-so-toa-i-vashiot-zhivot

7. Средете ја вашата остава. Тоа може да го направите на повеќе начини. На пример, храната може да ја наредите по видови или пак по количината на калории.

8. Бојадисајте ги клучевите со лак за нокти. Ова е добро ако имате повеќе клучеви. Кога еднаш ќе го направите ова, повеќе никогаш нема да погрешите кој клуч за што ви служи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар